Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОВА СЕ НАЈМОЌНИТЕ ВОЕНИ СИЛИ ВО СВЕТОТ! Изненадува позицијата на Русија, Србија е лидер во регионот, а на местото на Македонија наместо податоци за нашата земја, има податоци за Авганистан
Регион

ОВА СЕ НАЈМОЌНИТЕ ВОЕНИ СИЛИ ВО СВЕТОТ! Изненадува позицијата на Русија, Србија е лидер во регионот, а на местото на Македонија наместо податоци за нашата земја, има податоци за Авганистан

18/08/2023

AA

Порталот Global Firepower (GFP) објави нова листа на најмоќните армии. Конечното рангирање користи повеќе од 60 индивидуални фактори за одредување на таканаречениот индекс на моќност на нацијата. До конечниот рејтинг се доаѓа со анализа на бројни категории – од воена моќ и финансии до логистички способности и географија.

Колку е помал резултатот на Индексот на моќност, толку е поголема теоретската борбена способност на нацијата – се земаат предвид конвенционалните средства, не се земаат предвид нуклеарните способности на нациите.

„Нашето оружје покажува доверливост и ефикасност. Во исто време, многу фалените западни оружја се покажаа како далеку од совршено. Ова можете да го видите на изложбата на оружје заробено во Украина“, се пофали рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. Порталот Global Firepower, кој ги анализира војските на светот, ја прогласи руската армија за втора најсилна во светот, веднаш по американската.

На третото и четвртото место, како и лани, се Кина и Индија, потоа Велика Британија, додека во топ 10 се и Јужна Кореја, Пакистан, Јапонија, Франција и Италија.

Сите бројки за руската сила веќе не важат

Сепак, аналитичарите нагласуваат дека по година и пол од војната во Украина не се валидни сите бројки за силата на руската армија. „Залихи со опрема, оперативни сили, работна сила и воена индустрија – сè е поделено на предвоена и повоена, бидејќи војната во Украина е таква што потрошувачката на опрема, залихи и работна сила не е забележана од Втората светска војна. , воопшто на глобално ниво“, вели за RTL Игор Табак, аналитичар на порталот Obris.org, пренесува Danas.hr.

Македонија иако ја има на списокот, сепак податоци за тоа на кое место е како воена моќ нема. Најверојатно е некоја грешка, бидејќи, кога ќе кликнете на нашето знаме, се отвараат податоци за Авганистан.

Што се однесува до регионот, Србија е на највисоко, 58 место, 11 места пред Хрватска, Словенија е 86-та, Црна Гора 128, а Босна и Херцеговина на самото дно. 

Мондо.рс

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕЛЕГАЦИЈА НА МПЦ-ОА СЛЕТА ВО МОСКВА Ќе присуствува на роденденот

19/11/2026
Македонија

СИЛНИОТ ВЕТАР КОРНЕ ДРВЈА И УРИВА СЕМАФОРИ! Се очекуваат пообилни

19/11/2026
Македонија

„ТЕНДЕРЏИЈАТА“ ОД РЕК, ГОНЕТ ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ, ИЗЛЕЗЕ ОД „ШУТКА“ На

19/11/2026
Македонија

ОВА ЌЕ БИДЕ ТЕШКА ЗИМА ЗА СИТЕ, ПА И ЗА

19/11/2026
Македонија

УКИМ НЕМА ДА ОСТАНЕ БЕЗ СТРУЈА, МОН ЌЕ ГО ПЛАТИ

19/11/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ 438.042 ОВЦИ И КОЗИ ПРОТИВ СИПАНИЦА Имунизацијата

19/11/2026
Македонија

СТРУЖАНИ, ПЛАТЕТЕ КОМУНАЛНА ТАКСА! Следната недела Општината почнува со присилна

19/11/2026
Македонија

ПО ТРИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА, ДОЈАВА ЗА БОМБА И ВО СРЕДНОТО

19/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46849
  • Регион 4000
  • Свет 21
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕЛЕГАЦИЈА НА МПЦ-ОА СЛЕТА ВО МОСКВА Ќе присуствува на роденденот на патријархот Кирил

19/11/2026

Делегација на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на 19 ноември 2026 година пристигна во Москва, за да учествува во

СИЛНИОТ ВЕТАР КОРНЕ ДРВЈА И УРИВА СЕМАФОРИ! Се очекуваат пообилни врнежи и ветар до 80

19/11/2026

Управата за хидрометеоролошки работи најавува силен југозападен ветер со брзина од над 80 километри на час во текот на ноќта

„ТЕНДЕРЏИЈАТА“ ОД РЕК, ГОНЕТ ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ, ИЗЛЕЗЕ ОД „ШУТКА“ На Стојан Чифлигароски затворскиот притвор му

19/11/2026

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје го заменил затворскиот притвор со куќен притвор за битолскиот бизнисмен Стојан Чифлигароски, осомничен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy