
ОВА Е НЕНАД ЗА КОГО СЕ СОМНЕВААТ ДЕКА Е ПРОНАЈДЕН МРТОВ НА РЕЧНИОТ БРЕГ: Во џебот му биле пронајдени лични документи
Денеска на брегот
на Дунав во близина на Рафинеријата Панчево е пронајдено тело, а се сомневаат дека
се работи за Ненад Тривковиќ (38), еден од тројцата пријатели кои се превртеа
во реката од чамецот на 18 март.
Како што
пренесуваат српските медиуми, во џебот од панталоните му биле пронајдени
документи. Телото ќе биде испратено на обдукција каде ќе се утврдува точниот
идентитет.
Покрај Ненад, кој е во средина на фотографијата, на
18. март исчезнаа и Милош Марковиќ (37) и Милан Николиќ (36), по кои се уште се
трага.
Курир пишуваше за
Ненад недолго откако исчезна во брановите на Дунав затоа што таа вечер се
однесуваше херојски. Имено, иако важеше за не толку добар пливач, тој во
моментот на несреќата го соблече елекот за спасување и го сподели со
пријателите.
„Ненад беше
единствениот облечен во елек за спасување, но во моментот кога сите завршија во
вода, тој несебично и херојски го соблече елекот и го сподели со пријателите.
Беше пливач, но не толку добар, па секогаш носеше елек за спасување“, пишува
Курир.рс.
ФОТО: ФБ