Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Немаме други играчи, ова се најдобрите, ако нема напредок ќе преземам одговорност“
Спорт

„Немаме други играчи, ова се најдобрите, ако нема напредок ќе преземам одговорност“

08/04/2023

AA

Македонија претрпе пораз од Украина (22-24) во првиот бараж-меч за СП на крајот на оваа година, што дојде како разочарување и за ракометарките и за селекторот. По натпреварот, тој призна дека очекувале победа, дури и си повисока разлика, но се соочивме со грешки, промашени зицери, кои нè чинеа.

Селекторот не побегна од заклучокот дека првото полувреме беше очајно на секој план. Македонија во него достигна максимални минус осум и ништо во играта не функционираше. Савевски вели дека овој бавен влез во натпреварите не е првпат.

„Оваа година и пол, додека сум во репрезентацијата, на сите мечеви првите полувремиња ни беа катастрофални. Дали домашниот терен создава голем притисок, навистина треба да се види. На гости играме подобро. Многу лошо беше, слабо во одбрана и напад, слаб ефект на и голманите во првото полувреме, мислам имавме само четири. Не можеше да се види дека сме работеле добро во периодов. За разлика од тоа, во вториот дел одигравме подобро, кога се виде дека младите играчи може многу да дадат. Се надевам дека на реваншот во Унгарија ќе играме ќе бидеме подобри. Разликата во квалитет не е голема. Овој пат Украинките покажаа брза игра и тие прават грешки. Во оваа ситуација со овие играчи мислам дека една мотивирана екипа која ќе почне добро, и ќе се поправи, може да одиме да изненадиме во вториот меч. Немаме друго што. Се надевавме вечерва дека ќе победиме 4-5 разлика. Никогаш не коментирам судии, но мислам дека во многу ситуации судеа онака како што не ни одговара“, рече Савевски.

За да се промени нешто до реваншот во следниве три дена нема време. Ракометарките се тие што ги имаме, вели селекторот, единствено што се надева дека ќе бидеме засилени со Младеновска и Арсениевска, кои го пропуштија овој дуел поради висока температура и вироза. Останатите – тие се.

„Имавме големи промашувања од најдобрите играчи. Сега останува само да поправиме она што може да го поправи. Викам дека правиме репрезентација, но треба повеќе време. Но, колку е тоа време ќе видиме. Треба да созреат младите девојки. Немаме друг избор, немаме многу играчи да донесеме. Ова се најдобрите играчи. Прецизноста и реализацијата не се поправаат за нтри дена. Тоа почнува од клубовите, проблем е тоа што многу од нив не играат стандардно во своите клубови или играат во македонската лига. Не се тоа играчи кои играат 60 минути па да ја носат екипата“, дополни селекторот.

Неговиот ангажман, не само во сениорската, туку и во младинските селекции е предвиден до септември, откако ќе завршат двете ЕП за јуниорките и кадетките. Ако не забележи напредок вели дека е подготвен и да преземе одговорност.

„Ние цело ова време се обидуваме да направиме спој на младоста и искуството. Мене договорот ми е до септември, ако не успеам да направам селекција ќе преземам комплетна одговорност. Сите имавме големи очекувања, имавме добро расположение, очекувавме да одиграме многу подобро, ги гледавме мечевите на Украина кои играа добро, но не брзо. Но, ме изненадија во првиот дел кога играа брзо, како да тргнаа да прават огромна разлика. Имавме и многу исклучувања. Слабата реализација секогаш ни е проблем“, заврши Савевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
Македонија

ДВЕ РОБОТСКИ АСИСТИРАНИ ГИНЕКОЛОШКИ ОПЕРАЦИИ ИЗВЕДЕНИ ВО ЕДЕН ДЕН ВО

24/09/2026
Македонија

СЕ ВРАЌААТ ПОВИСОКИТЕ КОЕФИЦИЕНТИ ЗА УСТАВНИТЕ СУДИИ Предлогот оди пред

24/09/2026
Македонија

ЌУРКЧИЕВ ГО ОБВИНИ СДСМ ЗА ФАЛСИФИКАТ И НАЈАВИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА

24/09/2026
Македонија

УСТАВНИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ – ЛЕКАРИТЕ МОЖАТ ДА РАБОТАТ ДОПОЛНИТЕЛНА РАБОТА

24/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ИМ ПОРАЧА НА СОПАРТИЈЦИТЕ ОД ИНИЦИЈАТИВАТА 12.05 ДА СЕ

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45782
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за постигнат договор со ОАЕ

24/09/2026

Од почетокот на месец март следната година, ќе се лета директно од Дубаи за Скопје. Преговараме и за поврзување на

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД ПЛАНИРАНИТЕ ЗА ГОДИНАВА Министерот Серафимовски

24/09/2026

Пратеничката Бисерка Златеска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања побара од министерот за земјоделство, шумарство и

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот Андоновски во одговор на пратеничко

24/09/2026

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска истакна дека Владата паралелно работи на привлекување приватни инвестиции во центри за податоци

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy