Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Ова е најдобриот роденденски подарок за Путин“: Ќе влијае ли војната во Израел на конфликтот во Украина?
Македонија

„Ова е најдобриот роденденски подарок за Путин“: Ќе влијае ли војната во Израел на конфликтот во Украина?

11/10/2023

AA

Сигурно е дека Путин немаше поим дека ваква криза ќе се случи во Израел, но во негова корист е фактот што погледите вперени во Украина сега ќе бидат свртени на друга страна.

Нападот на Хамас врз Израел, кој започна на 7 октомври, точно на роденденот на рускиот претседател Владимир Путин, ја потресе безбедноста на Блискиот Исток.

Сигурно е дека Путин немал поим дека ќе се случи ваква криза, но во негова корист оди фактот што погледите кои од февруари минатата година беа насочени кон Украина, сега ќе бидат свртени на друго место.

Блиските луѓе на Кремљ оваа криза ја нарекуваат победа на Русија, бидејќи сметаат дека поради војната во Израел ќе пресушат парите за Украина, која течеше од Блискиот Исток. Многумина се плашат дека финансиската поддршка за Украина ќе зависи од должината на конфликтот во Израел, пишува Полтико.

„Ова беше веројатно најдобриот роденденски подарок за Путин. Нападот на Израел ќе привлече внимание бидејќи САД се природно фокусирани на Израел. Се надеваме дека ова нема да има драматичен ефект врз поддршката за Украина, но секако многу ќе зависи од должината на конфликтот на Блискиот исток. Ако навистина сакаме да бидеме геополитичка Европска унија, мора да бидеме способни да се справиме со повеќе кризи во исто време“, рече еден европски дипломат.

Во Вашингтон заклучија дека нападот на Хамас врз Израел ќе го намали американскиот фокус на Украина. Исто така, тие во моментов се преокупирани со последиците од минатонеделното соборување на претседателот на Претставничкиот дом Кевин Макартни од страна на републиканците, конзервативци кои се обидоа да ја намалат помошта за Украина. Во моментов се води трка за оној кој ќе го замени Кевин, а тоа му отежнува на Бајден да му помогне на Израел, сметаат аналитичарите.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, истакна дека слични работи се случиле во Израел и земјата што ја води. Тој исто така изјави дека Иран и Русија, кои го поддржуваат Хамас, се блиски сојузници.

„Израелските новинари кои беа овде во Украина, во Буча, сега велат дека го виделе истото зло. Единствената разлика е во тоа што ова е терористичка организација која го нападна Израел, а Украина беше нападната од терористичка држава“, рече Зеленски.

Колку е вклучена Русија?

Лидерот на Хамас Исмаил Ханије и други официјални претставници неодамна ја посетија Москва. По саботните напади, Русите брзо ги исчистија старите планови за враќање на границите на Израел на местото каде што беа во 1967 година. Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека создавањето на палестинска држава е спречено од „деструктивните политики“ на САД и може да се слушнат гласови на задоволство додека поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев ги означи нападите на Хамас како „очекуван развој“ и го насочи својот гнев кон Западот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИНСПЕКЦИЈАТА НЕ УТВРДИЛА ПРОПУСТИ ЗА БИЛЈАНА Нема неправилности според надзорот,

09/11/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ГИ МЕНУВА СТАВОВИТЕ СПОРЕД ДНЕВНО-ПОЛИТИЧКИ ИНТЕРЕСИ Реакции од

09/11/2026
Македонија

ИНСПЕКЦИЈАТА НЕ УТВРДИЛА ПРОПУСТИ ЗА БИЛЈАНА Инспекцијата не најде пропусти

09/11/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕ ОТВОРА ПРЕДМЕТИ НА БАРАЊА НА ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ Закани

09/11/2026
Македонија

ВОЗЕЛ ИАКО ИМАЛ ЗАБРАНА, А СЕ ДВИЖЕЛ И ВО СПРОТИВНА

09/11/2026
Македонија

МАЈКА СЕ ОБИДЕЛА ДА МУ ВНЕСЕ МАРИХУАНА НА СИНОТ ВО

09/11/2026
Македонија

СУДОТ ВО КОЧАНИ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА ИВА МИХАИЛОВА Ќе

09/11/2026
Македонија

УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ШТИП ИМ ГИ СТАВИ ВО МИРУВАЊЕ РАБОТНИТЕ МЕСТА

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46676
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Излезните анкети во Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата се обидува да му ја преземе власта!

28/10/2026

Израел се соочува со неизвесна политичка ситуација по парламентарните избори, откако излезните анкети покажаа дека ниту еден од двата главни

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy