
ОВА Е МОНСТРУМОТ КОЈ ОД ЗАД ГРБ ПУКАШЕ ВО ЖЕНАТА – очевидци велат дека ја следел се до пилјарата каде што ја уби
Мирослав М.(55) е осомничен дека утрово ја застрелал Сања М. додека таа купувала овошје. По подмолното убиство отишол во полиција и сам се пријавил.
Мирослав М.(55) од Пирот е уапсен под сомнение дека утрово во центарот на Пирот ја убил својата поранешна емотивна партнерка Сања М.(47) пукајќи и во глава во пешачката зона во строгиот центар на Пирот.
Според очевидци, тој одел неколку метри зад неа и кога таа застанала пред продавницата и повикала некого на телефон и прашала што треба да купи, одекнал смртоносен истрел.
„Видов жена како лежи во локва крв. Не го видов човекот кој пукаше“, изјави еден од сведоците на злосторството.
Според неофицијални информации, Мирослав М. има досие од претходно, а му е изречена мерка за забрана за доближување.
Во полиција му е одредена мерка притвор од 48 часа, по што ќе биде изведен во обвинителството, а се товари за тешко убиство.
Нова.рс
Фото: Фејсбук приватна архива

