Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Половина од граѓаните сметаат дека меѓународната заедница треба да ни ги избира судиите и да биде вклучена во судските процеси
Македонија

Половина од граѓаните сметаат дека меѓународната заедница треба да ни ги избира судиите и да биде вклучена во судските процеси

05/03/2023

AA

Половина од граѓаните сметаат дека меѓународната заедница треба да биде вклучена во процесот на избор на судии и обвинители, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 47,8 отсто од граѓаните сметаат дека меѓународната заедница треба да биде вклучена
во процесот на избор на судии и обвинители додека 36,1 отсто сметаат дека не треба.

Според етничката структура и Македонците и Албанците во мнозинство сметаат дека меѓународната
заедница треба да биде вклучена во процесот на избор на судии и обвинители, со таа разлика
што кај етничките Албанци потребата ја истакнуваат 62,4 отсто, а кај Македонците 42,7 отсто.

Резултатите од анкетата покажуваат дека 50,9 проценти од анкетираните се на ставот дека во одредени судски процеси од висок профил треба да бидат вклучени и обвинители од странство, додека 35,1 процент сметаат дека не треба. Разликата во ставовите според етничката структура на анкетираните и тука е идентична како и на претходното прашање.

Над три четвртини од граѓаните или 78,6 отсто сметаат дека треба да се направи ветинг во судството,
односно да се провери имотната состојба на судиите заедно со судските случаи во кои биле
вклучени под мониторинг на меѓународната заедница. Само 10,7 отсто сметаат дека ветинг на
судиите не е потребен.

Деталната анализа покажува дека околу 82 проценти од вработените во приватниот сектор и оние кои што се самовработени како и земјоделците поддржуваат ветинг во судството додека овој процент кај вработените во јавниот сектор се спушта на 77 отсто, а најнизок е кај студентите, 75 отсто.

Граѓаните во мнозинство бараат странски експерти и во Антикорупциската комисија, така што 53,2 проценти сметаат дека со цел да се зајакне нејзиното влијание странски експерти треба да бидат вклучени во Антикорупциската комисија, додека 31,2 отсто сметаат дека не треба.

Тука Македонците и етничките Албанци имаат речиси дијаметрално спротивни ставови. Додека
50,9 отсто од етничките Македонци сметаат дека не ни требаат странци во Антикорупциска, дури
60,9 отсто етнички Албанци се убедени во спротивното.

Граѓаните се прилично поделени по прашањето дали почетокот на преговорите со ЕУ ќе
придонесе за поефикасно справување со корупцијата. Тенко мнозинство од 43,5 отсто сметаат дека ќе
придонесе додека 41,1 отсто дека нема.

Мнозинството од анкетираните сметаат дека заложбите на САД за борбата против корупцијата
нема да придонесат за нејзино намалување. Ваков став делат 46 отсто од анкетираните додека 38,7 отсто сметаат дека заложбите на САД ќе ни донесат пониска корупција. Најголем дел од нив се етнички Албанци. Меѓу нив дури 57,8 проценти сметаат дека заложбите на САД за борба против корупцијата ќе придонесат за нејзино намалување што е дијаметрално спротивно од 52,1 отсто Македонци кои сметаат дека заложбите на САД нема да ни помогнат за намалување на корупцијата.

Слични се ставовите и на прашањето дали најавената американска црна листа на функционери
поврзани со корупција ќе има влијание врз нивното однесување – 43,5 отсто од граѓаните сметаат дека
влијание нема да има, додека 38,2 отсто дека ќе има некакво влијание. И тука анализата на анкетата според етничката структура на анкетирани покажува дека етничките Албанци во огромно мнозинство од 60,9 отсто сметаат дека американската црна листа ќе има влијание врз функционерите, додека 50,9 отсто Македонци сметаат дека таа нема да има никакво влијание на нивното однесување.

Истражувањето на јавното мислење за Детектор на Сител телевизија го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од 01 до 04 февруари оваа година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На 24-ти август започнува судењето за Груби и други 7

13/08/2026
Македонија

Сите генерални секретари на Влада во последните 15 години завршија

13/08/2026
Македонија

Започнуваат уписите на УКИМ: Слободни над 8.800 места за бруцоши

13/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова за помилувањето на Шефије Јакупи: 35 години била жртва

13/08/2026
Македонија

Обвинение за 8 лица за штета од над 8,2 милиони

13/08/2026
Македонија

Пронајдено 15-годишното девојче од Охрид

13/08/2026
Македонија

Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор со гаранција од 500.000

13/08/2026
Македонија

МПЦ-ОА е единствената православна црква во Македонија, реакција на Синодот

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44999
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На 24-ти август започнува судењето за Груби и други 7 лица за „Лотарија“ ќе суди

13/08/2026

Кривичниот суд го прифати поднесеното обвинение за предметот поврзан со Државна лотарија каде обвинет е Артаб Гууби и други 8

Сите генерални секретари на Влада во последните 15 години завршија на обвинителна клупа

13/08/2026

Функцијата генерален секретар на Владата во изминатите повеќе од една деценија добива сè понеславна судска историја. Кирил Божиновски, Драги Рашковски

Започнуваат уписите на УКИМ: Слободни над 8.800 места за бруцоши на 23 факултети

13/08/2026

Првиот рок за пријавување на кандидатите за студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје е на 18 и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy