Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Отворени средби на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во Прилеп и Шуто Оризари
Македонија

Отворени средби на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во Прилеп и Шуто Оризари

26/09/2023

AA

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) продолжува со отворените средби со граѓаните, претставниците на граѓанскиот сектор и на локалните институции. Во текот на оваа работна недела планирани се две отворени средби. Првата ќе се одржи утре (среда, 27 септември 2023) во салата на градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, а втората в четврток, 28 септември 2023, во салата на Советот на Општина Шуто Оризари.

На овие отворени средби, кои се реализираат со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, присутните граѓани ќе имаат можност, преку директна комуникација со членови и вработени во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, да се запознаат со надлежностите и начинот на работа на ова независно институционално тело задолжено за промоција на еднаквоста, унапредување на човековите права и спречување и заштита од секаков вид дискриминација. Истовремено, овие средби нудат дополнителна можност за продлабочување на соработката со граѓанскиот сектор и институциите на локално ниво, заради навремено препознавање на сите облици на дискриминација, како и унапредување на меѓусебната комуникација и соработка, со цел за нејзино ефикасно сузбивање.

„Исклучително сме задоволни од одзивот и интересот што го покажаа граѓаните, организациите и локалните институции кои зедоа учество во досегашните отворени средби што ги организиравме во неколку општини. Тие ни покажаа дека постои навистина голема потреба, преку ваквиот вид отворена, директна комуникација, да ги охрабриме граѓаните и да им објасниме како да препознаат и пријават различни облици на дискриминација, што секако е првиот чекор кон нивното ефикасно спречување и искоренување“, велат од КСЗД.

Покрај заштитната улога и постапување по претставки од граѓаните, како и по службена должност, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација има и превентивна улога, која ја спроведува преку едукација и соработка со граѓански организации, државни институции и институции на локално ниво. Токму овие отворени средби се еден од начините за исполнување на ваквата превентивна улога на КСЗД. Покрај претстојните отворени средби во Прилеп и Шуто Оризари, во текот на следниот месец планирано е одржување на уште два вакви настани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема

28/09/2026
Македонија

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели

28/09/2026
Македонија

ШЕСТ ЛИЦА УАПСЕНИ ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ Неофицијално пронајдени снајперски

28/09/2026
Македонија

САКАМЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА, НО МОРА ДА ИМА ПРЕДВИДЛИВОСТ Муцунски

28/09/2026
Македонија

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16

28/09/2026
Македонија

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ

28/09/2026
Македонија

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45856
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и водоснабдување до дигитални услуги

28/09/2026

На вечерашниот митинг во Општина Брвеница, во рамките на предвремените локални избори, под слоганот „Една Брвеница за сите! Да ја

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема температурна разлика низ земјава

28/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во поголемиот дел од земјава, а во југоисточните делови ќе има услови

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели дека тие се само за

28/09/2026

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва на митингот на партијата во Брвеница ја обвини СДСМ дека се противи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy