Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Отворен повик за студентите од техничките факултети – Македонската асоцијација за управување со цврст отпад нуди поддршка преку менторство и соработка
Македонија

Отворен повик за студентите од техничките факултети – Македонската асоцијација за управување со цврст отпад нуди поддршка преку менторство и соработка

07/02/2025

AA

Во насока на создавање на поголеми можности за развој и иновации за младите, Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (МАСВА) нуди членство и менторска поддршка за студентите од техничките факултети. Преку оваа програма на МАСВА сите заинтересирани студенти од Технолошко металуршкиот факултет, Градежниот факултет, Машинскиот факултет и Архитектонскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје ќе добијат можност за едукација и поголем пристап до иновации и најновите трендови во сегментот на кружната економија и управување со отпадот. Покрај тоа МАСВА ќе обезбеди и пристап до стручна литература и учество на меѓународни и националните конференции.

Сите заинтересирани студенти од наведените факултети, можат да испратат кратка биографија(CV) и мотивациско писмо на [email protected] најдоцна до 28 февруари 2025 година. Избраните кандидати ќе бидат поканети на интервју со Управниот одбор на MaSWA и ќе бидат вклучени во активностите на МАСВА.

Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (МАСВА) е организација во која членуваат повеќе од 40 компании, невладини организации и експерти кои делуваат во секторот на управување со цврст отпад, а основана е во 2013 година. Од 2014 година  МАСВА е членка на International solid wast asotiation ISWA и учествува на активности организирани на меѓународно ниво. Преку своите активности МАСВА се залага за зајакнување и развој на секторот на управувањето со отпадот, употреба на алтернативни горива, поголема имплементација на принципите за кружната економија, искористување на економските потенцијали за овој сектор и намалување на емисиите на СО2.

Кружната економија и управувањето со отпадот се едни од најбрзо растечките сектори во светот. Се повеќе истражувања се насочени кон креирање на нови зелени продукти кои се базираат на принципите на кружната економија. Потенцијалот за развој на домашниот пазар, како и меѓународна соработка е голем, а соработката со МАСВА за студентите ќе значи поголема можност за професионален развој и поголема конкурентност.

Повеќе детали МАСВА може да погледнете на: http://maswa.org.mk

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Алсат: Пронајден е мртов оперативниот директор Лирим Хајредини, погребот ќе

13/08/2026
Македонија

На 24-ти август започнува судењето за Груби и други 7

13/08/2026
Македонија

Сите генерални секретари на Влада во последните 15 години завршија

13/08/2026
Македонија

Започнуваат уписите на УКИМ: Слободни над 8.800 места за бруцоши

13/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова за помилувањето на Шефије Јакупи: 35 години била жртва

13/08/2026
Македонија

Обвинение за 8 лица за штета од над 8,2 милиони

13/08/2026
Македонија

Пронајдено 15-годишното девојче од Охрид

13/08/2026
Македонија

Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор со гаранција од 500.000

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45000
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Алсат: Пронајден е мртов оперативниот директор Лирим Хајредини, погребот ќе биде в петок

13/08/2026

Попладнево по вестите во 16 часот, Телевизија Алсат на социјалниет мрежи и веб страницата објави дека пронајден бил мртов оперативниот

На 24-ти август започнува судењето за Груби и други 7 лица за „Лотарија“ ќе суди

13/08/2026

Кривичниот суд го прифати поднесеното обвинение за предметот поврзан со Државна лотарија каде обвинет е Артаб Гууби и други 8

Сите генерални секретари на Влада во последните 15 години завршија на обвинителна клупа

13/08/2026

Функцијата генерален секретар на Владата во изминатите повеќе од една деценија добива сè понеславна судска историја. Кирил Божиновски, Драги Рашковски

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy