Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јотова за проширувањето на ЕУ: Ќе се внесат уште повеќе проблеми во ЕУ, која и сега има сериозни предизвици
Македонија

Јотова за проширувањето на ЕУ: Ќе се внесат уште повеќе проблеми во ЕУ, која и сега има сериозни предизвици

27/04/2025

AA

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, изрази своја загриженост поради искривеното прикажување на темата за проширувањето на Европската унија, посебно во контекст на Република Северна Македонија. Во интервју за емисијата „Брисел 1“ на телевизијата „Bulgaria ON AIR“, Јотова истакна дека се формира погрешен наратив кој го редуцира прашањето на билатерален спор помеѓу Софија и Скопје.

„Постои тенденција процесот на проширување на ЕУ да се претстави како билатерално несогласување. Некои европски партнери, вклучително и комесарот Кошта, зборуваат како Бугарија да го кочи процесот поради билатерални проблеми“, изјави Јотова.

Јотова речиси половина од интервјуто го посвети на односите меѓу двете земји, обвинувајќи ги европските лидери за формирање на погрешен наратив. Според неа, геополитичкиот притисок за забрзано примање на нови земји-членки е огромен и носи сериозни ризици.

„Стравувам дека без вистински реформи новите членки ќе внесат дополнителни проблеми во ЕУ, која и сега се соочува со предизвици“, предупреди таа.

Овие критики на Јотова доаѓаат непосредно пред тридневната официјална посета на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на Бугарија.

Јотова потсети дека од 2022 година постои европска политика за ова прашање, воспоставена преку преговарачката рамка усвоена од Советот на ЕУ. Таа објасни дека таа рамка, дел од францускиот предлог, ги обврзува двете страни да ги почитуваат протоколите и европското законодавство.

„Ова не е политика само на Бугарија. РСМ мора да ги исполни критериумите утврдени со европското законодавство ако сака да ги почне преговорите со ЕУ“, додаде Јотова.

За време на посетата, Кошта и бугарскиот премиер Димитар Жељазков ќе разговараат за европската одбрана, војната во Украина, миграцијата и процесот на проширување на ЕУ.

Кошта, кој досега повеќепати нагласуваше дека интеграцијата на Западен Балкан е политички приоритет за Унијата, во мај ќе ја посети и Македонија. Паралелно, земјава ќе ја посети и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy