Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЈОТОВА НЕ ОДГОВОРИ ДИРЕКТНО ДАЛИ ЌЕ ИМА СРЕДБА МУЦУНСКИ-ПЕТРОВА Бугарија била отворена за разговор, „но без ултиматуми“
Македонија

ЈОТОВА НЕ ОДГОВОРИ ДИРЕКТНО ДАЛИ ЌЕ ИМА СРЕДБА МУЦУНСКИ-ПЕТРОВА Бугарија била отворена за разговор, „но без ултиматуми“

04/10/2026

AA

Вршителката на должноста претседателка на Бугарија, Илијана Јотова, изјави дека Софија „останува отворена за разговори со Северна Македонија“, но порача дека тие треба да се водат „без ултиматуми и без да се отстапува од европската политика“.

– Бугарија е полноправна членка на Европската Унија и не можеме да дозволиме држава која тргнала по европскиот пат да не ги прифаќа вредностите и доблестите на ЕУ – изјави Јотова пред новинарите во Благоевград.

Таа рече дека сè уште не ги знае деталите од разговорот меѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

– Јас сè уште не ги знам деталите од разговорот во четири очи со госпоѓа фон дер Лајен. Многу се надевам дека овојпат таа била исклучително цврста – рече Јотова.

На прашање за барањето за средба меѓу министрите за надворешни работи на двете земји, Јотова изрази сомнеж во искреноста на Скопје за продолжување на дијалогот, бидејќи, како што рече, веќе трет месец нема одговор од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на писмото што лично ѝ го испратила.

Јотова, сепак, остави простор за средба.

– Да останеме умерени оптимисти. Ќе разговарам со нашата министерка за надворешни работи Велислава Петрова, сакам точно да го видам и текстот на нотата и како е формулирана – рече Јотова.

Јотова порача дека, за разговорот со Софија да биде сериозен, Мицкоски треба добро да ја прочита европската политика во однос на проширувањето.

– Многу добро господин Мицкоски треба да ја прочита европската политика во однос на проширувањето на Република Северна Македонија, да заборави дека ова е билатерално прашање, како што тој се обидува да го претстави – рече таа.

Според неа, за околу две недели пред Европската комисија ќе биде разгледан извештајот за напредокот на Северна Македонија во пристапувањето кон ЕУ.

Јотова додаде дека пред сè би сакала да се реши прашањето со Ива Михајлова, за кое, како што рече, Бугарија се обратила до „највисоките европски и светски институции“.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕЛЕГАЦИЈА НА МПЦ-ОА СЛЕТА ВО МОСКВА Ќе присуствува на роденденот

19/11/2026
Македонија

СИЛНИОТ ВЕТАР КОРНЕ ДРВЈА И УРИВА СЕМАФОРИ! Се очекуваат пообилни

19/11/2026
Македонија

„ТЕНДЕРЏИЈАТА“ ОД РЕК, ГОНЕТ ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ, ИЗЛЕЗЕ ОД „ШУТКА“ На

19/11/2026
Македонија

ОВА ЌЕ БИДЕ ТЕШКА ЗИМА ЗА СИТЕ, ПА И ЗА

19/11/2026
Македонија

УКИМ НЕМА ДА ОСТАНЕ БЕЗ СТРУЈА, МОН ЌЕ ГО ПЛАТИ

19/11/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ 438.042 ОВЦИ И КОЗИ ПРОТИВ СИПАНИЦА Имунизацијата

19/11/2026
Македонија

СТРУЖАНИ, ПЛАТЕТЕ КОМУНАЛНА ТАКСА! Следната недела Општината почнува со присилна

19/11/2026
Македонија

ПО ТРИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА, ДОЈАВА ЗА БОМБА И ВО СРЕДНОТО

19/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46849
  • Регион 4000
  • Свет 21
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕЛЕГАЦИЈА НА МПЦ-ОА СЛЕТА ВО МОСКВА Ќе присуствува на роденденот на патријархот Кирил

19/11/2026

Делегација на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на 19 ноември 2026 година пристигна во Москва, за да учествува во

СИЛНИОТ ВЕТАР КОРНЕ ДРВЈА И УРИВА СЕМАФОРИ! Се очекуваат пообилни врнежи и ветар до 80

19/11/2026

Управата за хидрометеоролошки работи најавува силен југозападен ветер со брзина од над 80 километри на час во текот на ноќта

„ТЕНДЕРЏИЈАТА“ ОД РЕК, ГОНЕТ ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ, ИЗЛЕЗЕ ОД „ШУТКА“ На Стојан Чифлигароски затворскиот притвор му

19/11/2026

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје го заменил затворскиот притвор со куќен притвор за битолскиот бизнисмен Стојан Чифлигароски, осомничен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy