Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Откриена корупција во врска со купувањето оружје за Украина, вредно околу 40 милиони долари
Македонија

Откриена корупција во врска со купувањето оружје за Украина, вредно околу 40 милиони долари

28/01/2024

AA

Украинските власти денеска соопштија дека откриле корупциска шема за проневера на средства во вредност од околу 40 милиони долари, наменети за набавка на минофрлачки гранати за армијата на земјата, јавува Радио Слободна Европа (РСЕ).

Инспекторите од Службата за безбедност на Украина (СБУ) соопштија дека пет лица се обвинети, а едно лице е приведено при обидот да ја премине украинската граница и дека парите оделе на различни сметки во Украина и на Балканот.

СБУ соопшти дека истрагата „открила функционери на Министерството за одбрана и менаџери на добавувачот на оружје Лавов Арсенал, кои украле речиси 1,5 милијарди гривни за набавка на гранати“.

„Според наодите на истрагата, во проневерата биле вмешани поранешни и сегашни високи функционери на Министерството за одбрана и раководители на поврзани компании“, објави СБУ на социјалната мрежа Х.

Проневерата вклучува набавка на 100.000 минофрлачки гранати за војската.

По исплатата, вработените во компанијата требало да ги префрлат средствата на фирма регистрирана во странство, која потоа ќе ја достави муницијата во Украина. Но, стоката никогаш не била испорачана, туку парите биле испратени на различни сметки во Украина и на Балканот.

Средствата се конфискувани и ќе бидат вратени во буџетот за одбрана на земјата, соопштија од Украинското државно обвинителство.

За одбрана од руската инвазија, Министерството за одбрана на Украина нарача 100.000 парчиња минофрлачки гранати од украинската компанија „Лвив Арсенал“ во октомври минатата година.

За ова од украинскиот буџет беа издвоени 36,6 милиони долари, но нарачаните гранати до ден денес не се доставени, а Украина по судски пат бара тие пари да се вратат.

Истрагата доаѓа во време кога Киев се обидува да ја сузбие корупцијата во обид да го забрза своето членство во Европската унија и НАТО. Официјални лица од двата блока побараа јасни антикорупциски реформи пред да ја примат Украина во нивното членство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СО БУГАРИЈА НИ ТРЕБА ЕВРОПСКИ, А НЕ СРЕДНОВЕКОВЕН ДИЈАЛОГ Димитровски

01/10/2026
Македонија

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија

01/10/2026
Македонија

РОДИТЕЛИТЕ СО ПЛАЧЕЊЕ И ВИКАЊЕ ЈА НАПУШТИЈА СУДНИЦАТА, НА ГАЗДА

01/10/2026
Македонија

📷 УАПСЕНИ 20 ЧЛЕНА НА ПРИЛЕПСКА ДИЛЕРСКА МРЕЖА Детали од

01/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ИСТУРА БЕС, СЕ СЛУЖИ СО ПРИМИТИВЕН РЕЧНИК И ПОДМОЛЕН

01/10/2026
Македонија

ФРАПАНТНО Е НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ЖРТВИ ВО СООБРАЌАЈОТ Најмалку се

01/10/2026
Македонија

НЕРАЗБИРЛИВО Е ЗОШТО 18 МЕСЕЦИ НЕМА ДОГОВОР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА

01/10/2026
Македонија

ПРЕД 5 ГОДИНИ САМО ЗА ТРОЈЦА ПАЦИЕНТИ ИМАЛО ТЕРАПИЈА, А

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45922
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy