Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Oткази поради вештачката интелигенција – дали вашата работа е во опасност?
Економија

Oткази поради вештачката интелигенција – дали вашата работа е во опасност?

25/06/2025

AA

Загриженоста за влијанието на вештачката интелигенција врз пазарот на трудот повторно се покрена по изјавата на извршниот директор на Amazon, Енди Џеси. Како што објави CNBC, во интерно писмо до вработените од 17 јуни, Џеси објави дека Amazon ќе го намали бројот на вработени во корпоративниот сектор во наредните години – поради „добивките во ефикасноста што ги носи вештачката интелигенција“.

„Како што сè повеќе воведуваме генеративна вештачка интелигенција и агенти, начинот на кој се извршуваат работите ќе се промени. Ова значи дека ќе ни требаат помалку луѓе за одредени работни места отколку денес, но и повеќе луѓе за некои други видови работни места“, вели тој. 

Оваа изјава доаѓа во време кога многу големи технолошки компании веќе го намалуваат бројот на вработени, а влијанието на технологијата за вештачка интелигенција сè повеќе го менува начинот на водење бизнис.

Според извештајот на Светскиот економски форум објавен претходно оваа година, дури 48 отсто од работодавците во САД планираат да го намалат бројот на вработени поради вештачката интелигенција.

Не сите неодамнешни отпуштања се директно поврзани со технологиите за вештачка интелигенција, но примерите од индустријата укажуваат на јасен тренд. Во мај, Мајкрософт објави отпуштање на 3 отсто од своите работници, додека Гугл им понуди на вработените уште една рунда доброволни заминувања преку својата „програма за доброволно напуштање“.

Шведската финтех компанија Кларна го намали бројот на вработени за дури 40 отсто, токму благодарение на решенијата за вештачка интелигенција, потврди извршниот директор на компанијата, Себастијан Сијемјатковски. Слично на тоа, основачот на Shopify, Тоби Лутке, изјави дека компанијата повеќе нема да вработува нови луѓе освен ако не се докаже дека вештачката интелигенција не може да ја заврши работата.

Според Кејт Листер, претседател на консултантската фирма Global Workplace Analytics, влијанието на вештачката интелигенција неизбежно ќе доведе до трансформација на пазарот на трудот на долг рок. 

foto freepik.com

/faktor.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy