Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОТКАЖАНИ СЕ 20 ЛЕТОВИ, АЕРОДРОМОТ НЕ Е ЗАТВОРЕН Маглата предизвикува проблеми на скопскиот аеродром
Македонија

ОТКАЖАНИ СЕ 20 ЛЕТОВИ, АЕРОДРОМОТ НЕ Е ЗАТВОРЕН Маглата предизвикува проблеми на скопскиот аеродром

21/12/2025

AA

Поради маглата во Скопската котлина, на Меѓународниот аеродром Скопје има намалена видливост што резултираше авиокомпаниите да откажат 20 лета и да пренасочат 1 лет во периодот од полноќ до пладне, соопшти ТАВ Македонија.

„По 11 часот слетаа авионите од Дортмунд и од Виена, а се очекува да полета авионот за Хамбург. Согласно временската прогноза која ни стигнува од метеослужбата на М-НАВ, намалена видливост се очекува и во преостанатиот дел од денов, како и во текот на утрешниот ден. Сепак, со оглед на тоа што временските услови се менуваат постојано и секоја авиокомпанија има свој праг на толеранција на намалена видливост, апелираме до сите патници да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од нивната авиокомпанија. За патниците и јавноста повторуваме – Меѓународниот аеродром Скопје не е затворен“ информира ТАВ МАкедонија.

Аеродромот е отворен, без разлика на временските прилики, се додава во соопштението.

„Нашиот персонал, со нашата аеродромска опрема и аеродромски системи се подготвени да ги услужат и авионите и патниците. Би сакале да појасниме дека аеродром се затвора само со посебна одлука при што се испраќа авијациска порака НОТАМ до сите чинители во авиосообраќајот, а тоа се прави само во исклучителни ситуации кога некој капацитет на аеродромот поврзан со опслугата на авионите не е во функција или пак ако станува збор за општа вонредна состојба. На Меѓународниот аеродром Скопје сите капацитети му се во функција, оттука ние сме отворени за авиосообраќај. Во сите случаи со магла, аеродромот не се затвора, туку е отворен. Притоа чекаме метео-службата на М-НАВ, како институција во чија надлежност се навигациските системи во авиосообраќајот, да нè извести дека има подобрување на временските прилики – и нас како аеродромски оператор и авиокомпаниите, чии пилоти ги носат одлуките дали ќе слетаат или ќе се пренасочат на друг аеродром, зависно од моменталната минимална видливост која самата авиокомпанија одлучила дека ја прифаќа“, се вели во соопштението од ТАВ Македонија.

Персоналот на аеродромот работи 24/7, пултот за информации е подготвен да одговори на сите прашања поврзани со промени во редовниот распоред на летовите, како физички, така и на телефонската линија + 389 2 3148 333.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy