Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОТКАКО ЛИДЛ ЈА КУПИ ЛОКАЦИЈАТА НА „БРИКОЛАЖ“ – сопствениците на куќите околу добија понуди да ги продадат имотите
Економија

ОТКАКО ЛИДЛ ЈА КУПИ ЛОКАЦИЈАТА НА „БРИКОЛАЖ“ – сопствениците на куќите околу добија понуди да ги продадат имотите

21/03/2023

AA

Откако
Фактор ексклузивно ја објави информацијата дека германскиот синџир маркети кој
ќе работи во земјава, ја купил локацијата на „Бриколаж“ од „Скопски пазар“,
откриваме уште една интересна информација, а таа е дека влезот на Лидл во
земјава го зголемил интересот за купување на околните куќи околу овој објект.

Според нашите сознанија, околу „Бриколаж“ има околу 10 до 12 куќи, и токму
во последниве два-три месеци дел од нивните сопственици добиле понуди за да ги
продадат. Нашите информации говорат и дека цените по кои потенцијалните
купувачи сакале да ги купат куќите не биле високи, но за сопствениците било
изненадувачки што одеднаш за нив расте интересот. 

Според сознанијата, овие луѓе или фирми што одеднаш се интересираат за куќите
во близина на „Бриколаж“ во последниве месеци, всушност начуле дека тука Лидл
ќе стартува со својот прв маркет, па сакаат да ги имаат овие имоти и веројатно
да извлечат подобра цена доколку за нив се заинтересираат од германскиот
синџир. Или, станува збор за еден вид шпекуланти кои сакаат да купат поевтино,
а потоа да продадат поскапо на Лидл, и на тој начин да остварат финансиски
заработки. Не се знае колку ќе бидат успешни во ваквата своја мисија.

Инаку, Лидл откако влезе и регистрираше своја фирма во земјава, не сака да
се експонира и да ги открива своите планови, па затоа официјални информации за
овој синџир маркети, е многу тешко или речиси невозможно да се добијат.

Според неофицијлните сознанија, пак, тие веќе отвориле и своја канцеларија
во Скопје, во просториите на една автомобилска компанија.

Инаку, во сите огласи за вработување што Лидл ги распишува во земјава, на
заинтересираните им се дава на располагање само мејл адресата, но не и било
каков телефонски број на компанијата.

Како што веќе објави Фактор, германскиот голем трговски синџир „Лидл“ ја купил локацијата на
„Бриколаж“ од компанијата „Скопски пазар. Таму се очекува да никне
првиот маркет на Лидл во земјава. Набргу се очекува да се случи и официјалната трансакција, а засега
нема информации која е постигнатата сума.Имено, со оглед на фактот
дека „Скопски пазар“ е компанија која е котирана на Македонската берза, таа
информација би била ценовно чувствителна информација, и би била објавена на
платформата СЕИ нет на Берзата. Тогаш и ќе се дознаат повеќе детали околу
трансакцијата.

Како што веќе има пишувано
Фактор, во февруари 2021 година Лидл ја регистрираше својата компанија во
Македонија, а ќе биде управувана од бугарската филијала. Тогаш објавивме дека во
земјава е регистрирана подружницата Лидл Северна Македонија Дооел со седиште во скопски
Центар и со паричен влог од 500.000 евра, според податоците од Централен
регистар.
Според описот, Лидл планира да вложи над 10
милиони евра во продавница и да купи земјиште поголемо од 10.000 квадратни
метри.

Во ноември минатата година
објавивме дека премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски
прашања Фатмир Битиќи оствариле работна средба со претставници на Лидл, како од
националниот тим, така и со претставници на меѓународниот управен одбор.На средбата премиерот
Ковачевски изразил задоволство што „Лидл“ интензивно работи на подготовките за
отпочнување ефективна работа во нашата земја и веќе има вработено 80 лица, а
оваа бројка, како што нагласил, дополнително ќе расте.

Томаш Кузма, член на Одборот
на компанијата одговорен за Западен Балкан, „Лидл Интернешнл“, објаснил дека
како странски инвеститор „Лидл“ високо ја цени соработката и поддршката што
компанијата ја добива од Владата на Македонија. Рубријан Хаџиев, главен извршен
директор на „Лидл Македонија“, истакнал дека премиерот Ковачевски и вицепремиерот
Фатмир Битиќи му обезбедиле на „Лидл“ работни групи во неколку министерства и
единствена точка за контакт за да ја олеснат подготовката за можен влез на
македонскиот пазар.

Исто така, своевремено
објавивме и дека Лидл веќе има идентификувано потенцијална локација за својот
логистички центар, на земјиште кое е околу 200.000 метри квадртни и се наоѓа во
Општина Куманово. Инвестицијата само во логистичкиот центар е околу 80 милиони евра.

Во април лани, пак, од Лидл
имаа средба со градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Заинтересирани
за достапни локации каде би можеле да се отворат маркети и регионален дистрибутивен
центар, потенцијалните инвеститори, од градоначалникот ги добиле побараните
информации околу можностите и потенцијалите на општина Кисела Вода, пишуваа
тогаш медиумите.

Некои информации говорат
дека се купени парцели и во Кавадарци и Битола.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy