
Осум жртви во масовно пукање во Америка
Најмалку осум лица загинаа во масовно пукање во американската сојузна држава Тексас, јавува Си-Ен-Ен.
Осомничениот напаѓач е убиен и во пукање во трговски центар во градот Ален, предградие на Далас, соопштија властите, според Си-Ен-Ен .
Ранети се уште седум лица.
Началникот на градската полиција рече дека полицаецот ги слушнал истрелите, го пронашол вооружениот напаѓач и го „неутрализирал“.
Полицијата евакуираше голем број посетители на трговскиот центар по пукањето.