Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Четири години од посетата на папата Фрањо во Македонија
Македонија

Четири години од посетата на папата Фрањо во Македонија

07/05/2023

AA

На 7 мај 2019 година Македонија и Католичката црква во Македонија доживеаja историски моменти со посетата на папата Фрањо. Македонија – мала, а голема, сиромашна, а богата земја – во своите историски анали испиша уште една причина за гордост. И со право оваа посета се нарекува историска, гордо ќе потсетува на богатото минато на ова парче македонска земја, како таква ќе остане запишана во историјата. Иако беше кратка, само десет часа,  Светиот Отец помина интензивна програма со девет официјални настани и средби, не вклучувајќи ги неофицијалните средби, церемониите за пречек и испраќање. И во тие десет часа Македонија и Католичката црква во Македонија беа во центарот на светот, прави осврт Vatican news.

За прв пат еден наследник на Апостол Петар доаѓа во Македонија

Поточно за време на неговиот престој во Македонија тој оствари средба со Претседателот на Македонија г-дин Ѓорге Иванов и Премиерот г-дин Зоран Заев, како и средба со државниот врв, граѓанското општество и дипломатскиот кор, кои се одржаа во Претседателската резиденција на Водно. Во таа прилика Светиот Отец истакна: „За прв пат еден наследник на Апостол Петар доаѓа во Република Северна Македонија. За мене е вистинска чест што можам тоа да го направам на 25. годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи со Светиот Престол, кои беа остварени неколку години по прогласувањето независноста во септември 1991 година“ – истакна Светиот Отец.

Во капелата на НУ „Спомен куќата на Мајка Тереза“ наследникот на Свети Петар се сретна со лидерите на верските заедници. Тој таму се задржа во кратка молитва во тишина пред моштиите на светицата од Скопје и измоли молитва до света Мајка Тереза. Во амфитеатарот во склоп на Спомен куќата се сретна со сиромашни лица. На централниот плоштад „Македонија“, кој собра повеќе од 15.000 луѓе, Светиот Отец служеше света Литургија во заедништво со бискупот Стојанов, кардинали, надбискупи и бискупи од регионот и пошироко. Во попладневните часови во дворот на катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје присуствуваше на екуменска и меѓурелигиска средба со млади, а веднаш потоа во катедралата следуваше средба со свештениците, нивните семејства и богопосветените лица.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време

08/11/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА

08/11/2026
Македонија

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор

08/11/2026
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46660
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време и утринска магла

08/11/2026

Времето в понеделник, 9 ноември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часо пви и во текот на

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА Во бугарски подкаст рече и

08/11/2026

Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, се појави со својот адвокат во подкастот на бугарскиот новинар

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор на Торакална

08/11/2026

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy