Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Осум осомничени за престрелката во Чаир, по три лица полицијата трага
Магазин

Осум осомничени за престрелката во Чаир, по три лица полицијата трага

15/02/2025

AA

Основното јавно обвинителство Скопје наредило да се спроведе  истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта меѓу 10 и 11 февруари во скопската општина Чаир.

Државното Јавно обвинителство информира дека постапка е поведена и за уште две лица „за дејствија на помагање по извршување на кривичното дело“, затоа што по настанот сокриле два пиштола, помагајќи им  на дел од осомничените да не бидат откриени.

-На критичниот ден, на паркинг на улицата „Втора македонска бригада“, по претходна вербална расправија поради сообраќајно недоразбирање кај поликлиниката Чаир, започнала оружена престрелка меѓу две групи, при што првоосомничениот 28-годишник, со употреба на огнено оружје, со умисла го лишил од живот оштетениот Хебиб Буњаку и го довел во опасност животот на уште едно лице. Уште петмина осомничени, исто така, директно учествувале во престрелката,  возвраќајки со дејствија на помагање и соизвршителство во убиство и обид за убиство. Последните двајца осомничени, по престрелката, сокриле два од пиштолите користени во оружениот инцидент, соопшти ЈОРСМ. 

Надлежниот јавен обвинител предложил мерка притвор за двајца осомничени за дејствија на убиство и обид за убиство, како и мерка куќен притвор за уште еден од осомничените. Притвор е предложен и за двајцата осомничени за кривично дело – помагање на сторител по извршено кривично дело.

-По три лица полицијата се уште трага. Се преземаат и натаму дејствија за целосно расчистување на настанот, наведува Обвинителството. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања во јули

30/07/2026
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
Македонија

Мери Дика Георгиевска избрана за нов уставен судија

29/07/2026
Македонија

Мицкоски: Обвинителството веднаш да влезе во ИЈЗ и АХВ, имало

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44751
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања во јули

30/07/2026

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) во текот на јули исплатил вкупно 560,9 милиони денари за надоместоци по основ на привремена

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026

Љубителите на астрономијата и ноќната фотографија синоќа имаа прилика да уживаат во прекрасна глетка на небото, каде што полната Месечина

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани на средба со Лукровски

29/07/2026

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, во рамки на активностите насочени кон унапредување на директната и непосредна комуникација со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy