Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Осум дена притвор за маж од ресенско поради измами со лажни лекари и сообраќајни несреќи
Македонија

Осум дена притвор за маж од ресенско поради измами со лажни лекари и сообраќајни несреќи

09/02/2026

AA

СВР Битола во координација со Одделот за криминалистичка полиција, РЦГР Запад и РЦГР Југ до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против В.П.(40) од с. Стење, ресенско, а со престој во Битола и против непознато лице, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело по чл. 247 ст.1 од КЗ „измама “.

На 05.02.2026 околу 11:30 часот во Битола, пријавените со цел за себе да прибават противправна имотна корист, довеле во заблуда 72-годишна битолчанка така што на нејзиниот мобилен телефон и се јавил второпријавениот и кажал дека нејзината снаа е тешко повредена и дека мора да даде пари и злато за да се направи операција.

По кратко време, второпријавениот дошол во домот на пријавителката и таа му дала една златна огрлица и едно златно ланче со привезоци. Со стореното кривично дело пријавените се стекнале со имотна корист од околу 40.000 денари.

Исто така, на 06.02.2026 околу 09.30 часот во близина на Саат кулата во Битола, пријавените довеле во заблуда 76 -годишна битолчанка и нејзиниот сопруг.

Второпријавениот се јавил на телефонскиот број на оштетената и се претставил како доктор од охридска болница и рекол дека нејзината внука е тешко повредена и мора да даде пари за да се направи операција.

Оштетените, според договореното, отишле кај Саат кулата во Битола и му дале 7000 евра на првопријавениот.

По добиените пријави, од страна на полициски службеници преземени се мерки и активности за расчистување на случаите.

Извршени се претреси на повеќе локации кои ги користи провопријавениот, при што пронајдени биле предмети кои потекнуваат од кривичното дело, по што В.П. е лишен од слобода, поднесена е кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

Се преземаат мерки за пронаоѓање и на второпријавеното лице.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ШУГАТА НЕ ПОТЕКНУВА ОД ВЕЛЕШКАТА КАСАРНА Министерството за одбрана апелира

09/02/2026
Македонија

Уапсен маж од ресенско, мамел граѓани со наводни сообраќајни незгоди

09/02/2026
Македонија

Доживотен затвор за штипјанецот кој си ја уби сопствената мајка

09/02/2026
Македонија

Двајца 14-годишници повредени во несреќа со четирицикл кај Зајас

09/02/2026
Македонија

Ќе се купува нов државен авион? Томовски најави можност за

09/02/2026
Македонија

НЕОДРЖЛИВАТА СТРАТЕГИЈА НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА СЛУЧАЈОТ „ПУЛС“ ДВОЈНО ВИКТИМИЗИРА До

09/02/2026
Македонија

Пеперони не е најпопуларната пица во Скопје, но Wolt знае

09/02/2026
Македонија

Осум дена притвор за маж од ресенско поради измами со

09/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41236
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ШУГАТА НЕ ПОТЕКНУВА ОД ВЕЛЕШКАТА КАСАРНА Министерството за одбрана апелира да не се злоупотребува поединечен

09/02/2026

Во врска со неодамнешниот случај на заболени професионални војници од инфективната болест шуга (scabies), од Министерството за одбрана информираат дека

Уапсен маж од ресенско, мамел граѓани со наводни сообраќајни незгоди низ Битола!

09/02/2026

СВР Битола во координација со Одделот за криминалистичка полиција, РЦГР Запад и РЦГР Југ до ОЈО Битола поднесе кривична пријава

Доживотен затвор за штипјанецот кој си ја уби сопствената мајка

09/02/2026

Основниот суд во Штип изрече казна доживотен затвор за 54-годишниот Стојанче Зарков, обвинет за свирепото убиство на неговата 84-годишна мајка.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy