
Осудениците во КПУ Гевгелија набраа околу 3 тона тикви
Управата за извршување на санкции информира дека во Казнено-поправната установа во Гевгелија е реализирана берба на околу три тони тикви.
Посевите биле целосно одгледани од самите осудени лица, како дел од секојдневните активности и работната терапија во установата.
Ваквите активности имаат повеќекратна корист – придонесуваат за подобрување на исхраната во затворите, обезбедуваат дополнителни количини свежа земјоделска продукција и воедно се дел од процесот на ресоцијализација на осудениците преку практична работа.

