Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДКСК: Повеќе од половина институции не доставиле податоци за службените возила
Македонија

ДКСК: Повеќе од половина институции не доставиле податоци за службените возила

30/09/2025

AA

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) објави дека само 42 проценти од државните институции ги доставиле податоците за службените возила до законскиот рок пред локалните избори во 2025 година. Од вкупно 1.514 институции, обврската ја исполниле 635, додека дури 879 институции – односно 58 проценти – не го направиле тоа, спротивно на Изборниот законик.

При споредба на доставените податоци со евиденцијата на МВР, било утврдено дека кај 66 проценти од институциите има несовпаѓања во бројот на возила. Дополнително, 27 институции пријавиле возила кои не постојат во регистрите на МВР, што отвора сомнежи дека тие се водат на други правни лица или се дадени на користење надвор од институциите.

На веб-страницата на ДКСК веќе е објавен Регистар на службени моторни возила, кој содржи информации за 6.637 возила – од нив 5.456 се во возна состојба, 1.003 се нефункционални, а за 178 нема податоци.

Комисијата потсетува дека објавувањето на вакви податоци е клучно за зголемување на транспарентноста и одговорноста во работењето на институциите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Малолетници преку Инстаграм се фалат со уништување имот и упади

25/08/2026
Македонија

Нови и модерни спортски терени во средните училишта во Скопје

25/08/2026
Македонија

Од утре пријавување за студентски оброк: Бруцошите добиваат по 140

25/08/2026
Македонија

Вештакот Марковски на судењето за „Пулс“: Барањето за пренамена го

25/08/2026
Македонија

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против сопственик на фирма: Се

25/08/2026
Македонија

Високи температури низ цела Македонија, УХМР издаде метеоаларм

25/08/2026
Македонија

Сите државни ресурси во акција: Три авиони го гаснат пожарот

25/08/2026
Македонија

До 15% поевтин училишен прибор: Владата ја воведува „училишната кошничка“

25/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45241
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Малолетници преку Инстаграм се фалат со уништување имот и упади во туѓи објекти низ Скопје

25/08/2026

Опасно и незаконско однесување на малолетници се шири на социјалната мрежа Инстаграм, каде преку профил наменет за т.н. урбано истражување

Нови и модерни спортски терени во средните училишта во Скопје

25/08/2026

Современите спортски терени во средните училишта во Скопје треба да им овозможат на младите подобри и побезбедни услови за спорт,

Од утре пријавување за студентски оброк: Бруцошите добиваат по 140 денари дневно

25/08/2026

Студентите од утре, 26 август, ќе можат да аплицираат за субвенциониран студентски оброк, соопшти Министерството за образование и наука. Јавниот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy