Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Осуден Русин кој се обидел да преплива од Крим до Одеса и да се приклучи на украинската војска
Македонија

Осуден Русин кој се обидел да преплива од Крим до Одеса и да се приклучи на украинската војска

03/03/2023

AA

Врховниот суд на Крим осуди граѓанин на Санкт Петербург на шест години затвор, откако беше прогласен за виновен за предавство затоа што се обидел да преплива од Крим до Одеса и да се приклучи на украинската војска, соопшти прес-службата на судот.

Според наводите од обвинителството, 40-годишниот маж од Санкт Петербург се спротивставил на рускиот напад на Украина, па одлучил да замине во Украина за да учествува во воените дејствија на страната на Вооружените сили на Украина, пренесува РИА Новости.

За да го стори тоа, обвинетиот преку Интернет контактирал со претставници на украинската доброволна воена единица, која регрутира Руси и го организира нивното заминување во Украина.

Неговиот прв обид да ја премине државната граница преку Брјанскиот регион бил неуспешен. Потоа му било понудено да стигне до Украина по морски пат преку Крим. За да го спроведе овој план, осуденикот купил костум за нуркање, пераи, компас, подводна батериска лампа и торби од водоотпорна ткаенина.

Во август минатата година тој пристигнал на Крим, а потоа тргнал да го преплива Црното Море во правец на Одеса. Тој бил откриен од руски пограничен брод на 8 август во близина на селото Оленевка на Крим и тогаш бил уапсен.

Судот ги оквалификува дејствијата на обвинетиот како подготовка за велепредавство и нелегално преминување на границата на Руската Федерација.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy