Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Осуда по обидот за палење на синагогата „Бет Јаков“: Повик за разум и соживот
Македонија

Осуда по обидот за палење на синагогата „Бет Јаков“: Повик за разум и соживот

15/04/2026

AA

Силни пораки за смирување на тензиите и зачувување на меѓуверската хармонија беа упатени по обидот за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата „Бет Јаков“, настан кој ја вознемири јавноста и отвори прашања за безбедноста и толеранцијата во општеството.

Од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи заедно со верските лидери најостро го осудија инцидентот, оценувајќи го како сериозен удар врз мирот, стабилноста и традицијата на соживот во државата.

На прес-конференција, директорката на Комисијата Оливера Трајковска истакна дека секое посегнување по верски објект, без разлика на верската припадност, претставува нарушување на основните вредности.

„Непочитувањето на светињата на другиот е и непочитување на сопствената светиња. Ова се вредности врз кои се гради секое демократско и цивилизирано општество“, беше посочено во заедничката реакција.

Таа информираше дека инцидентот се случил во раните утрински часови на 12 април, при што беше изразена целосна солидарност со Еврејската заедница.

Во духот на меѓусебната почит и религиска соработка, беше упатен апел до граѓаните да покажат одговорност и зрелост.

„Да останеме чувари на соживотот. Заемната почит е една од најголемите вредности што ги имаме и треба да ја зачуваме како аманет за идните генерации“, додаде Трајковска.

На прес-конференцијата присуствуваа и поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, скопскиот бискуп Киро Стојанов, поглаварот на Исламската верска заедница Шаќир Фетаху, претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви, како и претставникот на Евангелско-методистичката црква Марјан Димов.

Тие заеднички порачаа дека ваквите инциденти не смеат да го нарушат долгогодишниот соживот и меѓусебна почит меѓу верските заедници во земјата, нагласувајќи дека токму единството и солидарноста се клучни во вакви моменти.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е меѓу најбезбедните, ширењето паника е

12/08/2026
Македонија

По одбивањето за продолжување на прекинот на казната, тој не

12/08/2026
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44977
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е меѓу најбезбедните, ширењето паника е организиран напад и ќе заврши

12/08/2026

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, остро ги демантираше гласините кои се шират по социјалните мрежи и затворените родителски групи

По одбивањето за продолжување на прекинот на казната, тој не се вратил во „Идризово“ –

12/08/2026

Основниот кривичен суд Скопје излезе со официјално соопштение во кое ги појаснува законските и медицинските причини за прекинот на издржувањето

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар приведени откако се обиделе да

12/08/2026

Полициски службеници во Гостивар вчера околу 13:30 часот го лишиле од слобода 86-годишниот Т.С. и неговиот 60-годишен син М.С. од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy