Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Остануваат во примена законите за облигациони односи и извршување, Уставниот суд не поведе постапка за да ги оценува
Македонија

Остануваат во примена законите за облигациони односи и извршување, Уставниот суд не поведе постапка за да ги оценува

10/01/2024

AA

Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за Законот за изменување и дополнување на Законот за облигациони односи и Законот за извршување од причина што смета дека двата закони се во согласност со Уставот.

Ова значи дека не се прифатени наводите на подносителите од 15 иницијативи кои за овој предмет беа поднесени до Судот.

Остануваат во правниот промет сите членови од измените на Законот за облигациони односи, како што е членот 1 кој дефинира дека износот на достасаната, неисплатена казнена камата престанува да тече кога ќе го достигне износот на главнината.

Понатаму, членот 2 според кој сите побарувања што се утврдени со правосилна судска одлука или одлука на друг надлежен орган или со порамнување пред суд или друг надлежен орган застаруваат за 5 години, од моментот на нивната извршност итн.

Според Уставниот суд неприфатливо е тврдењето во иницијативите дека се повредува правото на сопственост на доверителите со тоа што законодавецот, односно Собранието предвидело да се ограничи висината на казнената камата, кога ќе го достигне износот на главнината.

Судот смета дека оспорениот член 4 од Законот за облигациони односи нема повратно дејство, односно ретроактивност бидејќи се однесува на постапки кои се уште траат, не се завршени, а не и на оние постапки кои пред влегувањето во сила на законот завршиле.

Меѓу другото Судот оцени дека не е повреден принципот на поделба на власта, како што се тврди во иницијативите.

Според Уставниот суд неприфатливо е тврдењето во иницијативите дека должникот е доведен во попривилигирана положба во однос на доверителот, бидејќи членот 1 не дефинира за кого се однесува, туку напротив јасно и прецизно произлегува дека се однесува на сите субјекти на пазарот подеднакво.

Овој предмет е работен темелно со анализирана уставно-судска пракса, и за него беше обезбедено мислење преку Форумот на Венецијанската комисија, што значи pрибрани се искуствата на повеќе земји меѓу кои Словенија, Хрватска, Австрија, Босна и Херцеговина, Латвија, Полска, Шведска, Данска итн.

Подносители на иницијативите:

– Владо Костовски, адвокат од Охрид,

-Вангел Баракоски, адвокат од Охрид,

-Никола Источки, адвокат од Ресен,

-Петар Баришиќ од Скопје,

– Адвокатска комора на Република Северна Македонија,

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy