Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Прва изјава на сопругата на убиениот Србин во Бразил: Ја гледала смртта во живо – „не ме интересира неговото минато, син изгуби татко“
Македонија

Прва изјава на сопругата на убиениот Србин во Бразил: Ја гледала смртта во живо – „не ме интересира неговото минато, син изгуби татко“

10/01/2024

AA

Сопругата на членот на кланот Скалјар, Дарко Гајслер, кој на 5 јануари во 19 часот и 26 минути беше ликвидиран пред влезот на зградата во која живееше со семејството во Сао Паоло, Бразил, ја даде својата прва изјава на медиумите од таа земја.

Таа вели дека „нивниот син останал без татко и дека ја интересира само каков бил тој како сопруг“.

„Тоа што се случило во неговиот претходен живот не е моја работа. Мојот син го загуби татко му, за него знам само каков беше кога живеевме како семејство“ – изјавила сопругата на убиениот Гајслер, Бразилка (34).

Сопругата на Дарко Гајслер од Панчевац, чие презиме е Недељковиќ и се бараше под сомнение дека го убил Андрија Мрдак пред затворот Спуж во Подгорица во 2014 година, беше очевидец на убиството на нејзиниот сопруг.

Како што пренесуваат бразилските медиуми, напаѓачот со качулка и ракавици на рацете притрчал кон нив во моментот кога со велосипеди пристигнале пред влезот на зградата. Безбедносните камери го снимиле Дарко Гајслер како се симнува од своето возило на две тркала, отворајќи ја капијата со нивниот четиригодишен син кој седи на седиштето на неговиот велосипед.

Во тој момент дотрчал убиецот, му пукал во грб и потоа побегнал.

„Убиството се случи за неколку секунди. Сопругата била во шок бидејќи се се случило на метар од неа. Според полицискиот извештај, таа не можела ни да даде изјава пред истражителите“ – пренесуваат медиумите. Тие наведуваат дека истрагата е во тек, но не се исклучува можноста мотивот за суровата ликвидација да е одмазда.

Да потсетиме, Панчевац е осомничен дека во 2014 година го убил Мрдак, кој инаку му бил најдобар пријател на водачот на кафеанската група Амир Муса Османагиќ и тоа на речиси идентичен начин – додека бил во друштво со сопругата.

Името на Дарко Гајслер, освен убиствата на Мрдак, се споменуваше и при истрагата за убиството на Видак Воротовиќ во декември 2012 година во Никшиќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

САМИ ПРОТИВ СИТЕ Мицкоски им порача на жителите на Брвеница

01/11/2026
Македонија

Мицкоски по поразот во Брвеница: „Ние со програма, тие со

01/11/2026
Македонија

КОВАЧКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ЈАХИЈ ЗА ПОБЕДАТА ВО БРВЕНИЦА Од

01/11/2026
Македонија

КАНДИДАТОТ НА ДУИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА СО РАЗЛИКА ОД 201

01/11/2026
Македонија

ВРЕДИ ОДИГРА УЛОГА НА ТРОЈАНСКИ КОЊ ВО БРВЕНИЦА Стојаноска оцени

01/11/2026
Македонија

МАЖОТ ГО ЗАДУШИЛЕ СО ПЕРНИЦА, ЖЕНАТА ПОЧИНАЛА ОД СИЛНИТЕ УДАРИ

01/11/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ДОЗВОЛУВА РЕПРИЗА НА ДУИ Полагањето правосуден испит мора

01/11/2026
Македонија

ОДЅИВОТ НА ГЛАСАЧИТЕ ВО БРВЕНИЦА БИЛ 52,90% ДО 18.30 ЧАСОТ

01/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46493
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy