Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи за „Клик Плус“: Државата се наоѓа на критична точка, време е да преземеме одговорност
Македонија

Османи за „Клик Плус“: Државата се наоѓа на критична точка, време е да преземеме одговорност

25/07/2023

AA

Иднината на државата не е одговорност само на Владата, туку на сите кои се согласуваат дека земјата треба да биде дел од Европската Унија. Земјата се наоѓа на критичната точка и секој кој сака да види напредок треба да преземе одговорност.

Ова го изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи при денешно гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21.

За таа цел, додаде Османи, потребно е формирање на европски фронт кој ќе ја преземе водечката улога на тој пат и ќе биде повеќе од водење дневна политика.

„Сега е време кога треба носиме одговорност за овој народ, одговорност за оваа држава, бидејќи на краjoт на денот политиката е пред сè услуга, е еден вид одговорност кон луѓето кои ви ја дале довербата. Сега е време на фронтот за Европа. Да се одржи овој курс, да се достигне оваа точка и штом ќе ја поминеме оваа точка која е неповторлива, потоа нека се организира политичката сцена како што сака, тоа е во моментов помалку важно“, рече Османи во интервјуто за ТВ 21.

Во таа насока, Османи вели дека многу поправедно би било опозицијата да ги изнесе јасно своите ставови дали е за или против ЕУ и која е друга алтернатива што ја нудат.

„Што е она што го нуди опозицијата? Дали е тоа Евроазиска асоцијација, на пример? Само така би биле фер кон гласачите. Но, доколку тврдите дека ја сакате европската иднина на државата, патот кон Европа е ова. Не е овој пат само за нас, вака било за секоја држава“, вели Османи.

Коментирајќи ги изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и ставот на партијата дека нема да ги поддржи уставните измени, Османи вели:

„Тоа е само популизам. Неменувањето на Уставот ја фаворизира каузата на бугарските радикали на два начина. Прво, секој ден сè повеќе доцниме во ЕУ, Македонци добиваат бугарски пасош, за да земеш бугарски пасош треба да се изјасниш во Софија дека си по потекло Бугарин. Нема поголема бугаризација од вадење пасош, бројката стигнува до 100.000, како резултат на доцнење на интеграциите. И второ, интегрирањето на Бугарите во Уставот е формализирање на тоа дека станува збор за два различни народи. За прв пат во Уставот ќе го имаме македонскиот народ како мнозинство и дел од бугарскиот народ како малцинство“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy