Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи вели дека нема приватно возило, но дали тоа значи дека службеното го користи за приватни и партиски цели?
Македонија

Османи вели дека нема приватно возило, но дали тоа значи дека службеното го користи за приватни и партиски цели?

25/07/2023

AA

Министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи денеска во емисија на ТВ21 зборувајќи за опожареното возило на првиот вицепремиер Артан Груби, откри дека нема приватно возило кое го користи.

По оваа изјава се отвора прашањето дали министерот го користи службениот автомобил, купен од граѓаните, за свои приватни и партиски цели?

Во септември 2021 година по иницијатива од тогашниот вицепремиер за антикорупција, Љупчо Николовски, беше донесена одлука со која се дефинира и регулира користењето на службените возила со цел да се спречи нивна злоупотреба.

„Одлуката е направена така што ги елиминира потенцијалните злоупотреби на службените возила, односно користењето на јавните ресурси за приватни цели. Новиот систем за следење на користењето на службените возила и начинот на кој ќе се обезбедуваат дозволите за користење, овозможува лесно детектирање на неправилностите и нивна санкција“, информираа тогаш од кабинетот на Николовски.

Според одлуката, тоа значеше дека секоја употреба на службено возила ќе мора да е одобрена и наменска.

„Со новите одредби, секое користење на службените возила мора да е одобрено, оправдано, наменско и рационално и во сообразност со визијата, мисијата, целите и делокругот на работата на државниот орган“, беше ставот на Николовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
Македонија

Вработен во Итна помош со остар предмет му се заканувал

10/08/2026
Македонија

Бензините поевтинуваат по 4 денари, дизелот поевтинува 8 денари

10/08/2026
Македонија

Црн викенд со четири жртви, две лица пронајдени починати во

10/08/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44947
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската полиција одзела документација

10/08/2026

Истрагата за случајот со загадувањето на водата во Гостивар е во напредна фаза, а досега е обезбеден значителен дел од

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026

Триесет и две пакувања со марихуана биле пронајдени при претрес на пратка наменета за осуденик во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“,

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по убод од комарец, епидемиолозите предупредуваат

10/08/2026

Бројот на лица заразени со западно-нилска треска во Македонија би можел да биде поголем од досега официјално потврдените 20 случаи,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy