Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи утре на министерскиот состанок за Западен Балкан во Рим
Македонија

Османи утре на министерскиот состанок за Западен Балкан во Рим

02/04/2023

AA

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи, утре, во Рим, ќе учествува на министерскиот состанок за Западен Балкан, на покана од страна на потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Антонио Тајани.

Османи ќе има свое излагање на двете сесии на министерскиот состанок посветени на евроинтегративните процеси на државите од Западниот Балкан, а ќе се обрати и на Конференцијата “Нови визии за Западниот Балкан: пристапувањето во ЕУ и регионална безбедност”, во ко-организација на Министерството за надворешни работи на Италија, Институтот за меѓународни работи од Рим и Опсерваторијата Балкан од Тренто.

Министерскиот состанок за Западен Балкан ќе биде отворен од страна на потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Антонио Тајани, а со свои излагања, покрај минситерот Османи, ќе се обратат и премиерот и актуелен министер за надворешни работи на Црна Гора и министрите за надворешни работи на Албанија, БиХ, Косово, Србија и Шведска, во својство на претседавач со ЕУ.

На конференцијата “Нови визии за Западниот Балкан: пристапувањето во ЕУ и регионална безбедност”, покрај министрите за надворешни работи од државите во регионот, предвидено е да учествуваат и шведскиот министер за надворешни работи Тобиас Билстром, еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји, реномирани експерти и политички аналитичари од тинк-тенк институти од регионот, како и високи претставници на Европската служба за надворешна акција (ЕЕАС), Советот на регионална соработка, Секретаријатот на ОБСЕ и ЦЕФТА.

Италијанската иницијатива за свикување министерски состанок посветен на процесот на пристапување на државите од Западден Балкан во ЕУ е во согласност со обновениот и засилен фокус на Италија кон регионот и има за цел да го реактуелизира и забрза процесот на евроинтеграција на државите од регионот, истовремено промовирајќи дијалог и соработка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди

01/10/2026
Македонија

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево

01/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија

01/10/2026
Македонија

ДАВАЛ ПОТКУП ЗА ЛИЦЕНЦА ИАКО „ПУЛС“ НЕ ГИ ИСПОЛНУВАЛ УСЛОВИТЕ

01/10/2026
Македонија

„ИМЕТО Е СМЕНЕТО, ЗНАМЕТО Е СМЕНЕТО, ХИМНАТА Е СМЕНЕТА…“ Мисајловски

01/10/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПРЕД НОВ ПРИТВОР, ОТВОРЕНА НОВА ИСТРАГА Обвинителството бара

01/10/2026
Македонија

СО БУГАРИЈА НИ ТРЕБА ЕВРОПСКИ, А НЕ СРЕДНОВЕКОВЕН ДИЈАЛОГ Димитровски

01/10/2026
Македонија

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45928
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди дека Македонија нема да испрати

01/10/2026

Македонија нема да испраќа свои војници во Украина, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски, нагласувајќи дека државата никогаш не презела

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево време низ Македонија

01/10/2026

Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, по што во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија од приемот кај Трамп

01/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија од приемот кај американскиот претседател Доналд Трамп, на кој присуствувал за време на престојот во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy