Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи: Регионот мора да ги засили напорите за реализација на внатрешни реформи
Македонија

Османи: Регионот мора да ги засили напорите за реализација на внатрешни реформи

06/10/2023

AA

Берлинскиот процес еволуираше во водечка платформа за регионална соработка која носи голема политичка и економска тежина и служи како движечка сила за регионалната соработка, но и му помага на регионот да ја оствари својата стратешка цел – целосна интеграција во Европската Унија, рече шефот на дипломатијата Бујар Османи во обраќањето на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите учеснички на Берлинскиот процес во Тирана.

Како што соопшти МНР, осврнувајќи се на проширувањето, Османи кажа дека охрабрувачки е што внатрешната дебата на ЕУ за ова прашање и начините како да се олесни тоа добива на темпо и квалитет.

Во тој контекст, посочи тој, најавата за новиот План за раст за Западен Балкан, треба да биде насочен кон зголемена конвергенција со ЕУ, преку овозможување пристап до клучните двигатели на растот, како што се Единствениот пазар и финансиската помош.

-Регионот мора да ги засили напорите за реализација на внатрешни реформи, зајакнување на регионалната соработка и дополнително зајакнување на добрососедството. Заедничкиот регионален пазар не само што останува драг на нашите срца бидејќи беше инаугуриран за време на нашето заедничко претседавање со Бугарија со иницијативата во 2020 година, туку што е уште поважно, го гледаме како клучен елемент за економскиот раст на регионот и чекор поблиску до единствениот пазар, нагласи Османи.

Потпишувањето на трите договори за мобилност, за време на минатогодишните состаноци во Берлин, е од големо значење. Како депозитар, Северна Македонија е посветува особено внимание на значењето на нивното спроведување и на практичните придобивки што тие ги носат за нашите граѓани, стои во соопштението на МНР.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy