
Османи: Предлогот на Мицкоски го слушнав на лајв, одма се јавив кај Ахмети и тој без мислење прифати да излеземе од Влада, а ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени
Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва во интервју за Канал 5 телевизија, го откри моментот како дознал и веднаш донел имал став по однос предлогот на Христијан Мицкоски, кој бараше ДУИ да излезе од Влада по што би дале поддршка за уставните измени.
„Јас ја слушав прес конференцијата и кога го слушнав тој предлог веднаш се јавив кај Али Ахмети. Му реков Мицкоски нуди уставни измени, доколку ние излеземе од Влада. Мислам дека Ахмети не чекаше ниту една секунда за да каже да, затоа што него многу му е важно прашањето за Европската унија“, изјави Османи.
Тој додаде дека Ахмети знаел како искусен политичар колку е важна Европската унија.
„Тој во ова виде нова шанса за ЕУ и воопшто не калкулираше со нашето останување во Влада“, додаде Османи.
Порано во емисијата Османи рече дека има членови на партијата и пратеници кои се за Уставни измени и дека ќе ги поддржат при гласањето. Исто така му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе се пробуди кога на телевизија ќе гледа како се гласаат уставните измени.
