Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи пред Постојаниот совет на ОБСЕ: Човечкото страдање мора да престане сега
Македонија

Османи пред Постојаниот совет на ОБСЕ: Човечкото страдање мора да престане сега

24/02/2023

AA

Претседавачот на ОБСЕ министерот Бујар Османи денес на денот од навршувањето на една година од инвазијата на Руската Федерација врз Украина, преку видео се обрати до Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена на кое се обратија рекорден врој на министри за надворешниработи, и во својство на претседавач на најголемата светска регионална безбедносна организација ја повика Русија да ја запре војната.

„Токму на овој ден, повторно да ја повикувам Руската Федерација веднаш да ја прекине војната, да ги повлече своите трупи од Украина, повторно да се посвети на принципите и вредностите на ОБСЕ и на дипломатијата. Ова е единствениот начин да се оди напред, за луѓето во Украина и регионот на ОБСЕ.“- порача Османи.

Османи истакна дека неговата прва посета како претседавач на ОБСЕ била во Украина за да даде јасен сигнал дека Украина ќе биде главен приоритет за време на претседавањето на Северна Македонија, истакнувајќи дека нашето претседателство ќе се фокусира на луѓето пред сѐ.

„Ако може да се научи некоја лекција од овие 12 месеци, тоа е дека за време на војната најмногу страдаат луѓето. За време на мојата посета на Украина, од прва рака бев сведок на сериозното влијание на војната врз животите на луѓето. Тие први ги доживуваат ужасите на војната и се директна и колатерална штета.“- истакна Османи.

Во своето обраќање Османи потенцираше дека издржливоста на украинските жени и мажи заслужуваат најголемо восхитување и почит и дека тие ја имаат нашатa целосна солидарност и сочувство , најавувајќи дека поддршка за нив ќе продолжи уште порешително.

„Мора да им помогнеме на луѓето во Украина да ги обноват нивните уништени надежи и домови. Ова е наша должност и благородна цел. Човечкото страдање мора да престане сега и одговорните да бидат пред судот на правдата.“- порача Османи.

Во своето обраќање Османи потенцираше дека е навистина тажно и парадокс, што 50 години по потпишувањето на завршниот акт на Хелсинки недостасуваат причини за славење, и столбовите на Организацијата се целосно поткопани. Тој нагласи дека Северна Македонија како претседавач е цврсто посветена на принципите на ОБСЕ, вградени во Завршниот акт од Хелсинки и ја осуди секоја форма на агресија како средство за постигнување цел.

„Дозволете ми да ве уверам дека нема да отстапиме. Не можеме и нема само да го прифатиме она што се случува, нема да стоиме без да преземеме акција. Напротив, надоврзувајќи се на механизмите на ОБСЕ, ќе ги зајакнеме нашите напори за изнаоѓање на начини за враќање на мирот и целосно почитување на нашите принципи и заложби.“- порача претседавачот на ОБСЕ Османи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy