Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Украинците во земјава благодарни за поддршката што Северна Македонија ѝ ја дава на Украина
Македонија

Украинците во земјава благодарни за поддршката што Северна Македонија ѝ ја дава на Украина

24/02/2023

AA

Здружението на Украинци во земјава „Лесја Украинка“ денеска одржа митинг на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје, по повод годишнината од почетокот на руската инвазија врз Украина.

Претседателот на Здружението, Александар Урбанович, пред почетокот на митингот се заблагодари за хуманитарната помош и за поддршката од Северна Македонија кон украинскиот народ.

– Денеска ние, Украинците, одбележуваме 365 дена од воената инвазија од руската империја врз Украина. Никогаш не очекувавме дека во 21 век некој ќе сака да војува за туѓи територии, но добивме голема поддршка од сите држави. Благодарност до Македонците што уште од првите денови ни пружија голема помош, во време кога ни беше најнеопходна, изјави Урбанович.

Како што информираше, во земјава од почетокот на кризата до сега се наоѓаат околу шест илјади украински семејства. Голем дел од нив престојуваат со лични карти од хуманитарни причини, кои овозможуваат само престој во државата, но не и лекување или вработување. Во моментот, во нашата држава претстојуваат околу 400 бегалци.

– Се соочивме со бегалската криза. Во бегалската криза многу ни помогна Црвениот крст и хуманитарната организација „Св. Спас“ со што нашите бегалци се згрижени во Македонија. Не успеавме да средиме лесно вработување на Украинците кои би сакале тука да заработуваат за да можат да опстојат, но се надевам дека со време и ова прашање ќе се реши, посочи Урбанович.

Учесниците на митингот, од плоштадот „Македонија“, се упатија кон паркот „Жена борец“ каде положија цвеќе пред споменикот на Тарас Шевченко, познат украински претседател.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy