Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи од Узбекистан ја почнува посетата на Централна Азија како претседавач со ОБСЕ
Македонија

Османи од Узбекистан ја почнува посетата на Централна Азија како претседавач со ОБСЕ

08/08/2023

AA

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи од денеска ја почнува посетата на Централна Азија. Во рамки на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, дел од агендата на Османи е посета на Узбекистан и на Казахстан.

Како што соопшти МНР, посетата на Централна Азија, Османи ќе ја почне од Ташкент, Узбекистан, каде што ќе оствари средби со државниот врв. Предвидени се средби со претседателот Шавкат Мирзијоев. Покрај средба, Османи со министерот за надворешни работи на Узбекистан, Бахтијор Саидов, ќе има и заедничка прес-конференција. Османи во Ташкент ќе се сретне и со претставници на ОБСЕ Канцеларијата на проектниот координатор во Узбекистан.

Според програмата, во Ташкент Османи ќе има средба и со Танзила Нарбаева, која претседава со Сенатот на Узбекистан како и со претставници на граѓанското општество.

Од Узбекистан, Османи ќе патува во Казахстан каде што исто така ќе има средби со официјалните државни лица, а ќе ја посети и Програмската канцеларија на ОБСЕ во Астана за одблиску да се запознае со активностите и проектите што ОБСЕ ги спроведува во Казахстан.

Османи ќе се сретне со Касим Јомарт Токајев, претседател на Казахстан, а со вице-премиерот и министер за надворешни работи на Казахстан, Мурат Нуртлеу ќе имаат и заедничка прес-конференција. Османи во Астана ќе се сретне и со претставници на граѓанските организации.

-Регионот на Ценатрална Азија претставува еден од приоритетите во работата на ОБСЕ, кој се соочува со постојани предизвици, сега засилени и со влијаението од воената агресија од Руската Федерација против Украина, како и од состојбата во Авганистан. Посетата на Централна Азија претставува реализирање на еден од приоритетите на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023, како и работата на сите теренски мисии на ОБСЕ и поддршка на нивната програмска и проектна соработка со земјите во ЦА, наведува МНР.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ

29/09/2026
Македонија

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката

29/09/2026
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
Македонија

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори

29/09/2026
Македонија

7 ПОЛЈАЦИ СО ЧЕТИРИЦИКЛИ УПАДНАЛЕ ВО ВОЕНИ МАГАЦИНИ ВО ТЕТОВО

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45871
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА Владата препорача привремена реорганизација на

29/09/2026

Вработените во осум државни институции сместени во зградата на „Нова Македонија“ привремено да ги извршуваат работните обврски од дома, препорача

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ ГРУПА ВО СКОПЈЕ Акцијата на

29/09/2026

Автоматски и снајперски пушки, пиштоли, муниција, тактички елек, радиоврски и знаме на ИСИС биле пронајдени во акцијата во која полицијата

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И НИЕ? Министерот советува терапијата да

29/09/2026

Од болести на кардиоваскуларниот систем во Македонија минатата година починале 6.888 лица, со стапка на смртност од 378,4 на 1.000

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy