Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи од Рим: Потребни се похрабри одлуки од ЕУ кон регионот веднаш!
Македонија

Османи од Рим: Потребни се похрабри одлуки од ЕУ кон регионот веднаш!

03/04/2023

AA

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи, денес, во Рим, учествуваше на министерскиот состанок за Западен Балкан, на покана од страна на потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Антонио Тајани.

Во своето обраќање на првата сесија на министерскиот состанок, насловена “Процесот на европската интеграција на Западниот Балкан: патот напред”, Османи се осврна на неопходноста од поставување јасен и предвидлив пат за идните проширувања со државите од регионот, потенцирајќи дека истото е суштествен безбедносен интерес за Европската Унија. Истовремено, подвлече дека покрај задржување на крајната цел за членство, потребни се конкретни пропратни мерки за унапредување на демократскиот развој, зголемување на економските можности и заокружување на помирувањето во Западен Балкан.

„Променетите геостратешки околности бараат промена и прилагодување на пристапот. Иако е точно дека неодамна има зголемен акцент на важноста на проширувањето, за што сме благодарни, сите се согласуваме дека тоа сè уште не е доволно. 20 години по самитот во Солун, на ЕУ итно и е потребна среднорочна визија за нашиот регион внатре во рамките на Унијата“, истакна Османи.

На втората сесија “ЕУ-Западен Балкан: зајакнување на нашата соработка”, Османи ја нагласи потребата од намалување на јазот меѓу државите од регионот со државите членки на ЕУ во економска смисла.

„Ги цениме неодамнешните обиди на Италија да ја подигне свеста за социо-економските предизвици и потреби на регионот на Западен Балкан, како и напорите на Европската комисија во рамките на Економско-инвестицискиот план и пакетот за енергетска поддршка на ЕУ за Западен Балкан. Она што ни треба во блиска иднина се похрабри одлуки кон регионот заради заемен интерес. Регионот оставен во економски пад и статус кво ризикува да стане ранлив дел за самата Унија во овие несигурни времиња на нарушена безбедносна архитектура на европскиот континент.“

Министерскиот состанок за Западен Балкан беше отворен од страна на потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Антонио Тајани, а со свои излагања, покрај министерот Османи, се обратија и премиерот и актуелен министер за надворешни работи на Црна Гора и министрите за надворешни работи на Албанија, БиХ, Косово, Србија и Шведска, во својство на претседавач со ЕУ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Функционерите со здравица за чиста вода во Гостивар по месец

14/08/2026
Македонија

Повторно безбедна за пиење водата од градскиот водовод во Гостивар,

14/08/2026
Македонија

Трето вонредно прскање против комарци во Драчево

14/08/2026
Македонија

Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени

14/08/2026
Македонија

Ахмети: Ја сакам Македонија колку што ја сакаат Мицкоски и

14/08/2026
Македонија

Еден пожарникар со изгореници, вчерашниот ден бил еден од најтешките

14/08/2026
Македонија

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026
Македонија

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45016
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Функционерите со здравица за чиста вода во Гостивар по месец контаминација

14/08/2026

По еден месец од контаминацијата на гостиварскиот водовод, Главниот штаб за управување со кризи соопшти дека водата за пиење е

Повторно безбедна за пиење водата од градскиот водовод во Гостивар, соопшти Ангелов

14/08/2026

Жителите на Општина Гостивар повторно можат да ја користат водата од градскиот водовод за пиење, бидејќи е безбедна, соопшти денеска

Трето вонредно прскање против комарци во Драчево

14/08/2026

Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, вечерва спроведува трета вонредна акција за дезинсекција. Третманот ќе го

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy