Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи од БиХ: ОБСЕ ќе продолжи да подржува ефективен дијалог и премостување на разликите
Македонија

Османи од БиХ: ОБСЕ ќе продолжи да подржува ефективен дијалог и премостување на разликите

12/05/2023

AA

ОБСЕ во соработката со Босна и Херцеговина нуди многу добри практики, а истите може и да се зголемуваат за да придонесат за подобрување на јавните политики и процеси. Ова го истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи кој во својство на Претседавач со ОБСЕ е во дводневна посета на Босна и Херцеговина.

На прес-конференцијата со Елмедин Конаковиќ, министерот за надворешни работи на БиХ, Османи рече дека Северна Македонија и БиХ имаат одлична соработка на билатерално ниво, но и во рамки на ОБСЕ, што е видливо преку поддршката на приоритетите што земјава ги постави во рамки на Претседавањето со ОБСЕ, а пред сè во насока на борба против корупцијата.

„Борбата против корупцијата е меѓу главните белези на претседавањето со ОБСЕ на Северна Македонија, и тоа во целиот регион на Југоисточна Европа. Наша цел е да добиеме широка политичка поддршка од земјите во регионот за да ги зајакнеме нивните напори за развивање и спроведување на посилни политики и ефективни резултати“, рече Османи на прес-конференцијата со Конаковиќ. Тој додаде и дека ОБСЕ ќе продолжи да ги поддржува властите и за ефективно спроведување на постоечките антикорупциски закони, а во овие напори сторителите ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

„Не само во БиХ, туку и во целиот регион, ОБСЕ ќе продолжи со развивање на клучните антикорупциски регулативи од што придобивки ќе имаат институциите, но најважно граѓаните како крајни корисници на нивните услуги“, рече Османи.

Зборувајќи за предизвиците со кои се соочува ОБСЕ, меѓу кои како најголем воената агресија во Украина, Османи повика на уште поблиска соработка и зголемување на напорите за координиран регионален одговор.

„Ова важи и за нашиот регион, регионот на Југоисточна Европа. Тргнавме по патот на реформите и развојот и за нас е клучно да го оставиме минатото зад нас и да гледаме напред, заедно и обединети, кон иднината. За таа цел, важно е Босна и Херцеговина преку ефективен внатрешен дијалог да ги премости разликите и да зборува со еден глас“, рече Османи. Тој понуди и директна помош од Северна Македонија како земја со лично искуство во процесите на надминување на разликите и негување на култура на дијалог.

Поддршката за БиХ, ОБСЕ ќе продолжи да ја насочува и на полето на градење доверба, како и во креирањето на другите јавни политики и процеси.

„ОБСЕ ќе прдолжи да ги промовира напорите за градење доверба, како во Мајевица, што претставува успешна приказна за меѓуентитетска соработка на пет градоначалници. Тие го оставија настрана наследството од војната и сега градат мостови и спроведуваат проекти за зајакнување на економскиот развој за доброто на сите нивни граѓани“, изјави Османи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy