
Османи: Грција не информираше дека смениле еден знак
Министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата Трилинг на ТВ24 истакна дека суштинскиот дел од Преспанскиот договор е испочитуван од двете странии, а во делот на обврските за сообраќајните знаци од Грција информирале дека смениле еден знак.
„Ние во 95 проценти ако можам да кажам сме ги исполниле нашите обврски. Грција во својот суштински дел, а тоа е поддршка на НАТО и ЕУ интеграцијата, го има испочитувано. Ние сме останале во неколку институции каде надлежноста не е на Владата, на пример МАНУ, МРТ и федерациите. Тоа е што е останато во нашиот дел. Грција има во делот на одредени сообраќајни знаци, дури вчера не информираа дека еден знак го имаат сменето, и три договори коишто не се директно поврзани со Преспа“, рече Османи.
