
Османи до Мицкоски: Ќе се разбуди кога на телевизија ќе гледа како поминуваат уставните измени
Министерот за надворешни работи Бујар Османи му одговори на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.
„Можеби тој ќе се разбуди кога ќе гледа на телевизија како поминуваат уставните измени“, рече Османи во интервју за Канал 5 телевизија.
Инаку неделава Мицкоски коментирајќи ја изјавата на Османи дека во ВМРО-ДПМНЕ има пратеници кои би дале поддршка на уставните измени, порача министерот за надворешни работи да се разбуди од сонот.
„Прв пат идејата за уставни измени како решение на односите со Бугарија сум ја чул од висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ. И тоа на почетокот кога станав Министер за надворешни работи“, додаде Османи.
Во неделата Османи за прв пат откри дека лица во ВМРО-ДПМНЕ се за уставни измани.
„Јас сум убеден во постоење на оваа идеолошка линија во ВМРО-ДПМНЕ заради објективни аргументи кои што ги споменувам и за истите ќе бидат свесни многу брзо, веројатно и јавноста и преку нив“, рече тогаш Бујар Османи.
Но Мицкоски е убеден дека таква група не постои, Османи само сонува вели тој.
„Не знам јас за такво убедување, ако сонува нешто господинот Османи тогаш во ред нека се разбуди од тој кошмар, бидејќи јас такво нешто немам до сега како информација а имам стопроцентна доверба во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во сите оние 44 кои се во парламентот. Впрочем пред точно една година реков пројде ли ова јас заминувам од политиката“, порача Христијан Мицкоски.
