Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи – Билстром: Северна Македонија и Шведска ќе се помагаат за членство во ЕУ и НАТО
Македонија

Османи – Билстром: Северна Македонија и Шведска ќе се помагаат за членство во ЕУ и НАТО

15/03/2023

AA

Шведска ќе ја поддржува интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, а Скопје членството на Стокхолм во НАТО, истакнале на денешната средба министрите за надворешни работи на двете земи Бујар Османи и Тобиас Билстром, соопти МНР.

Билстром ја реафирмирал поддршката на Шведска за нашата евроинтеграција, воедно потенцирајќи ја неопходноста од донесувањето на уставните промени, со цел непречен тек на преговарачкиот процес и трасирање на патот кон членство во ЕУ до 2030.

Османи се заблагодарил за континуираната посветеност на Шведска на процесот на пристапување на нашата земја во ЕУ, посебно во областа на развојната соработка, во рамки на која Северна Македонија е повторно меѓу приоритетните држави-партнери на шведската развојна помош во области кои се најкорисни за нашите реформи од пристапниот процес.

Шефот на македонската дипломатија и претседавач со ОБСЕ Бујар Османи, потенцирал и дека Северна Македонија останува силен поддржувач на членството на Шведска во НАТО, што ќе придонесе за зајакнување на безбедноста на евро-атлантскиот простор.

– Забрзанaта интеграција на нашата држава во ЕУ и што поскорото членство на Шведска во НАТО ќе ги одврати злонамерните влијанија на трети фактори кои се обидуваат да ја поткопаат безбедноста и стабилноста на европскиот континент. Затоа денес, уште еднаш се заложивме дека заеднички ќе се помагаме за членство во ЕУ и НАТО, истакна Османи, кој денеска престојува во прва официјална посета на Кралството Шведска.

Во својство на претседавач со ОБСЕ, како што информираат од МНР, Османи го запознал соговорникот со актуелностите во однос на претседавањето со ОБСЕ низ призмата на утврдените приоритети, во кои Украина останува наш главен приоритет и клучно безбедносно прашање во рамки на ОБСЕ 2023.

На средбата станало збор и за регионалната динамика, за која двајцата министри оценија дека е од клучно значење за безбедноста и стабилноста на регионот, но и на Европа.

– Беше нотирано актуелното претседавање на нашата земја и со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), како и со САД-Јадранската повелба (А5), при што позитивно беше оценета улогата на Северна Македонија на активен чинител во генерирањето на стабилноста и мирот во поширок регионален контекст, се вели во соопштението на МНР.

Во рамки на посетата, министерот Османи оствари средба и со претседателот на шведскиот Парламент, Андреас Норлен, на која е дискутирана одличната парламентарна соработка меѓу двете земји и со генералната директорка на Шведската развојна агенција (SIDA), Карин Јемтин, осврнувајќи се на непосредните бенефити од шведската развојна соработка за нашата ЕУ перспектива.

Во делегацијата на министерот Османи е и претседателот на собраниката Комисијата за европски прашања Арбер Адеми.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy