Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Осигурителната индустрија се обединува и мобилизира за подигање на нивото на финансиска писменост
Економија

Осигурителната индустрија се обединува и мобилизира за подигање на нивото на финансиска писменост

25/12/2023

AA

На иницијатива на регулаторот на осигурителниот пазар АСО сите осигурителни компании и повеќе од половина од сите осигурително-брокерските друштва се обединија создавајќи платформа за финансиска писменост во осигурувањето. Целта е со заеднички координирани активности граѓаните да добијат комплетна, јасна и споредлива информација за условите и за цените на осигурување, како и за правата и обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување

Сите 17 осигурителни компании, Националното биро за осигурување и уште 25 осигурително-брокерски друштва на иницијатива на Агенијата за супервизија на осигурување (АСО) ги здружуваат силите и ги координираат активностите за зголемување на нивото на финансиска писменост во осигурувањето.  За таа цел овие 42 компании од осигурителната индустрија и регулаторот на пазарот АСО склучија меморандум за соработка со кој таргетираат заеднички и координирани активности во оваа област.

Сите членки на платформата за финансиска писменост во осигурувањето декларираа дека со потпишувањето на меморандумот активно ќе поттикнуваат, развиваат и реализираат активности со кои преку  финансиската едукација ќе ја унапредуваат заштита на правата на осигурениците. Сите мерки и активности, предвидени во меморандумот,  се насочени кон натамошен развој на пазарот на осигурување и ќе придонесат кон зголемување на нивото на финансиска инклузија на населението.

Секоја од овие 43 компании (осигурителни друштва и осигурително-брокерски фирми) ќе донесе план на активности за зголемување на финансиската писменост на населението во делот на осигурувањето. Потоа врз основа на тие планови сите компании ќе утврдат заеднички активности со кои преку координирана промоција на финансиската едукација ќе ја подигаат јавната свест за значењето на осигурувањето.

Една од најзначајните цели кои треба да ги постигне оваа соработка е да се овозможи на што поголем број граѓани да добијат комплетна, јасна и споредлива информација за условите за осигурување и за цените на полисите.  Паралелно со тоа да се унапреди информираноста за нивните права кои произлегуваат од договорите за осигурување.

Меѓу другото оваа соработка меѓу компаниите и АСО има за цел да го афирмира и поддржи пристапот на медијација односно можноста за вонсудско решање на споровите.

Компаниите декларираа дека даваат поддршка за стимулирање на финансиските иновации за развој на пазарот на осигурување, а активно ќе учествуваат и во создавање платформа за споредување на осигурителни производи.

Оваа активност е дел од континуираните напори на АСО во рамки на националната стратегија за финасиска едукација и финансиска инклузија која е дел од заложбите на сите финансиски регулатори за унапредување на состојбите во финансискиот сектор во земјава.

ПР Објава

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy