
Јоро: Јунајтед е најголемиот клуб во светот, подготвен сум да умрам за овој дрес!
Јоро има само 18 години но важи за исклучително талентиран дефанзивец за кој Манчестер јунајтед плати дури 60 милиони евра.
„Манчестер Јунајтед е најголемиот клуб на светот! За мене беше сон да заиграм за овој клуб. Фановите се неверојатни. Веќе зборував со Тен Хаг. Тој посакува играчи кои се подготвени да победуваат. Кога ќе ме стави во игра, подготвен сум да умрам за клубот!“, изјави Јоро.