
„ОРКА ХОЛДИНГ“ ПОВЕЌЕ НЕ ПОСЕДУВА АКЦИИ ВО „ЖИТО ПОЛОГ“ – капиталот го зголеми Тони Јосифовски
Орка Холдинг повеќе нема акции во мелничко пекарската компанија Жито Полог. Оваа компанија досега поседуваше 5,13 проценти од акциите, но сега тие се продадени и компанијата во ова акцвионерско друштво повеќе нема сопственост.
За сметка на тоа, акционерот Тони Јосифовски, кој досега располагаше со 19,86 отсто од акциите, сега го зголемува својот капитал на близу 25 отсто од акциите.
Еве какво известување даде компанијата Жито Полог до инвеститорската јавност.
„Акционерот Тони Јосифовски се стекна во сопственост со 2.871обични акции со право на глас издадени од Жито Полог АД Тетово, и сега
поседува 13.990 обични акции со право на глас што претставува 24,99 отсто од вкупниот број на
издадени акции на Друштвото.
Извршниот директор Сашо Босилков се стекна во сопственост со 403 обични
акции со право на глас издадени од Жито Полог АД Тетово што претставува 0,72 отсто од вкупниот број на издадени акции на Друштвото.
-Акционерот Друштво за производство, трговија и услуги ОРКА ХОЛДИНГ АД Скопје продаде 3.274 обични
акции со право на глас издадени
од Жито Полог АД Тетово и сега не поседува
обични акции со право на глас издадени
од Жито Полог АД Тетово“, се вели во објавата од Жито Полог.
Според последната состојба од ЦДХВ, пред да настанат овие промени, Орка имаше 5,13 отсто, Тони Јосифовски 19,86 отсто, фирмата Софија Градба 5,13 отсто, Лид комуникејшнс 12,51 отсто, Нефроплус Медикал има 19,85 отсто, Ненад Јосифовиќ 12,47 отсто и самиот Жито полог поседува сопствени акции од 20,6 проценти.
Сега таа состојба е сменета и Орка Холдинг веќе не поседува акции во компанијата.
Н.Н.Ф.

