Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Напаѓачите најверојатно сакале да го ограбат убиениот скопјанец кај Мавровка, велат од МВР
Магазин

Напаѓачите најверојатно сакале да го ограбат убиениот скопјанец кај Мавровка, велат од МВР

20/08/2024

AA

Лицето кое утрово беше застрелано пред трговскиот центар „Мавровка“ е приватник. Лажна беше веста дека тој е адвокат. Истрагата за убиството се уште трае, велат од МВР за МИА. 

Оттаму велат дека напаѓачите најверојатно сакале да го ограбат убиениот скопјанец.

Претходно денеска МВР информираше дека две лица се уапсени во врска со убиството кое утрово се случи на паркинг просторот пред трговски центар „Мавровка“ во Скопје, каде што со огнено оружје е застрелано едно лице кое почина на лице место. Од МВР велат дека им е познат идентитетот и на третото осомничено лице кое е во бегство.

null

Како што информираат од МВР, од страна на полицијата веднаш се преземени оперативно – тактички мерки, затворање на дел од градското подрачје, преглед на повеќе домови и преглед на повеќе возила, во кои се вклучени специјални полициски сили, хеликоптери и дронови. 

На подрачјето на општина Чаир, појаснуваат, е забележено патничко возило кое се обидело да побегне, при што лицата од возилото пружиле отпор со употреба на огнено оружје. 

– Полициските службеници возвратиле, по што едно лице е лишено од слобода. При преземањето понатамошни мерки, од слобода било лишено уште едно лице, а на полицијата е познат и идентитетот на третото осомничено лице кое е во бегство и за кое се преземаат мерки за негово пронаоѓање, стои во соопштението од МВР.

null

Во периодот што следува, како што дополнуваат од МВР, во некои делови од град Скопје ќе има зголемено полициско присуство со цел целосно расчистување на случајот.

Ова е втора престрелка во последното деноноќие, откако вчера во пукање во скопската населба Ченто, едно лице е повредено.

– На 19.08.2024 околу 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. Александар Македонски од патничко возило во движење било пукано во патничко возило „пасат“ со австриски регистарски ознаки, при што со повреди се здобило едно лице кое е пренесено во Клинички центар, информираат од МВР. Оттаму додават дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
Македонија

СДСМ ПОКАЖА ДЕКА НЕМА ДЕМОКРАТСКИ КАПАЦИТЕТ Бендевска за бојкотот на

30/09/2026
Македонија

НОВИТЕ АВТОБУСИ ЌЕ ИМААТ НАЈМАЛКУ 33 СЕДИШТА И КАПАЦИТЕТ ЗА

30/09/2026
Македонија

СЕ ПРАВАТ НОВИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКИОТ СТАНДАРД Јаневска

30/09/2026
Македонија

ОДБРАНАТА ТВРДИ ДЕКА НИКОЈ НЕМА ЕКСКЛУЗИВНО ПРАВО ЗА КУПУВАЊЕ АВТОМАТИ

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45899
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира Христо Ботев, се работи и

30/09/2026

Реконструкцијата на водоводната мрежа на улица Христо Ботев во Битола започна денеска, како дел од активностите на ЈКП „Водовод“ за

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога, МВР најавува резултати

30/09/2026

Полициска акција за сузбивање на трговијата со дрога се спроведува во повеќе градови низ Македонија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА СКОПЈЕ Македонските судови се главно

30/09/2026

  Судскиот совет денеска ги усвои извештаите на Комисијата за проверка на навременоста на пријавите и комплетноста на документацијата по

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy