Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Орбан повторно повика на прекин на огнот во Украина
Македонија

Орбан повторно повика на прекин на огнот во Украина

24/02/2023

AA

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој продолжува жестоко да ја критикува „индиректната војна“ што Европа ја води против Русија, денеска упати нов повик за прекин на огнот во Украина, на одбележувањето на годишнината од почетокот на руската агресија врз соседната земја.

„Не сме наивни. Знаеме дека се мали шансите за мировен договор прифатлив за двете страни“, напиша тој на Твитер.

„Но, се разбира, првата фаза е да се постигне прекин на огнот преку преговори. Ова е единствениот начин да се спасат животи“, порача Орбан.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина, унгарската Влада зазеде нејасен став и постојно избегнуваше да го критикува рускиот претседател.

Орбан, кој пред инвазијата одржуваше блиски односи со рускиот претседател Владимир Путин, постојано одбива да испрати оружје во Киев и редовно повикува на мировни преговори и го критикува економското влијание на санкциите наметнати на Русија од страна на Европската унија.

Во своето годишно обраќање до нацијата, Орбан во саботата се заложи за зачувување на економските односи со Русија бидејќи Унгарија е многу зависна од руските енергетски производи.

За разлика од повеќето европски партнери, Орбан од почетокот на војната ниту еднаш не ја посетил Украина.

Односите меѓу Унгарија и Украина се затегнати поради минатото, особено поради Транскарпатија, украински регион со кој владееше Будимпешта до Првата светска војна и е дом на големо унгарско малцинство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сончев почеток на неделата, променливо облачно во следните седум дена

10/05/2026
Македонија

ПАНИКА ВО АЕРОДРОМ: Змија во близина на детско игралиште, жителите

10/05/2026
Македонија

„Македонија не ве заборава“: Мицкоски го отвори споменикот на македонските

10/05/2026
Македонија

Штип ги обезбедува училиштата со аларми и 190 камери по

10/05/2026
Македонија

Тошковски положи свежо цвеќе во Инџиково и Бутел во чест

10/05/2026
Македонија

Во ноќен клуб во Охрид уапсени танчерки од Русија, Бугарија,

10/05/2026
Македонија

Николоски: Реконструкцијата на Владата ќе се базира на резултати, а

10/05/2026
Македонија

Спречено нелегално истурање градежен шут во Ново Лисиче, следуваат казни

10/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43190
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy