Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ​Ѓорѓиевски подели хуманитарни пакети на социјално загрозените, утре ќе ги дарува дечињата од Бадниковата поворка
Македонија

​Ѓорѓиевски подели хуманитарни пакети на социјално загрозените, утре ќе ги дарува дечињата од Бадниковата поворка

05/01/2024

AA

Во пресрет на Божикните празнувања, денес градоначалникот Ѓорѓиевски подели хуманитарни пакети на повеќе социјално загрозени семејства. Истакна дека во моментите кога се чека најрадосната вест за Христијаните, во секој дом треба да има празнична трпеза, а секој човек, без разлика на материјалниот статус треба да почувствува дека не е сам и дека има поддршка. Воедно, градоначалникот утре во Општина Кисела Вода ќе ги пречека дечињата кои се дел од Бадниковата поворка и ќе ги дарува со Божикни пакетчиња, а потоа заедно ќе се упатат кон плоштадот ,,Македонија”.

-Големи денови се пред нас, а човечката големина се покажува со дела. Токму затоа, денес посетив неколку семејства од социјален ризик на кои им доделивме пакети со прехранбени продукти и се потрудивме со мало внимание да им ги разубавиме празниците. Да знаат дека не се сами, да знаат дека мојата рака секогаш ќе биде нивна поддршка и во убавите, но и во тешките времиња. Сите заслужуваат топол дом и празнична трпеза и јас, онолку колку што можам ќе бидам тука за мојот народ. А сите ние, треба да се стремиме кон тоа да бидеме уште подобри луѓе, да си помагаме и да си подаваме рака, секаде да пристапуваме со добрина и љубов бидејќи тоа е највозвишената човечка особина. Преку хуманоста треба да менуваме.

Божикните празнувања ги продолжуваме и утре, кога во просториите на Општина Кисела Вода ќе ги пречекам нашите мали дечиња од овој дел на градот кои во изминативе денови неуморно и посветено се подготвуваат за големата Бадникова поворка. Тие ќе тргнат од црквата “Св. Петка”, во 10 часот ќе пристигнат во општината, каде ќе ги дарувам со Божикни пакетчиња, а потоа заедно ќе се упатиме кон плоштадот ,,Македонија”. Исклучително сум горд на овие златни дечиња што со многу љубов ги промовираат нашите вистински православни вредности, затоа со голема чест ќе чекорам заедно со нив. Ве повикувам сите, големи и мали, масовно и заедно да ја најавиме радосната вест за раѓањето на нашиот Господ Исус Христос-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy