Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ​Ѓорѓиевски: Обезбедивме средства за фотоволтаици за сите училишта и за набавка на комбиниран ровокопач-натоварувач
Македонија

​Ѓорѓиевски: Обезбедивме средства за фотоволтаици за сите училишта и за набавка на комбиниран ровокопач-натоварувач

27/11/2023

AA

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес заедно со директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи, го потпиша договорот преку кој Општина Кисела Вода добива средства за набавка на комбиниран ровокопач-натоварувач. Се работи за проект на Бирото за регионален развој- Министерство за локална самоуправа, за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој за 2023 и 2024 година. За комплетна реализација на овој проект Општина Кисела Вода средства обезбедува и преку сопствено кофинансирање.

Поседувањето на комбиниран ровокопач-натоварувач (багер) за Општина Кисела Вода значи големо финансиско олеснување бидејќи истиот се користи за чистење и одржување на поголемите канали и мини депониите, за што се ангажира надворешна фирма. За овој издаток, Општина Кисела Вода годишно издвојува од 10 до 11.5 милиони денари.

Воедно, денес Општина Кисела Вода доби и финансиски средства за набавка на фотоволтаици на сите основни училишта на своја територија. Преку овој Договор за реализација на проект во Скопски плански регион, во кој повторно Општина Кисела Вода учествува и со сопствени средства, ќе се постават фотоволтаични системи, со што се штити животната средина, се подобруваат условите за учење и се врши заштеда во сметки за електрична енергија. Инвестирањето во обновлива енергија е светски тренд кој Кисела Вода успешно го имплементира и се очекува да даде резултати, кои се многу важни и потребни во услови на огромна економска криза во која се наоѓа Македонија

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Битиќи: Поразот на Орбан е силна опомена за власта, иднината

13/04/2026
Македонија

ВОЗЕЛ ПИЈАН И СО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ Неготинец удрил во

13/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ

13/04/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ЖЕШКО ЛЕТО СО СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ Славчо Попоски прогнозира

13/04/2026
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42420
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Битиќи: Поразот на Орбан е силна опомена за власта, иднината е во европеизација, а не

13/04/2026

Поразот на Виктор Орбан на изборите во Унгарија е политичка порака што одекнува и надвор од Будимпешта и претставува директна

ВОЗЕЛ ПИЈАН И СО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ Неготинец удрил во пешак и го повредил

13/04/2026

Лишен од слобода e возач од Неготинско, кој возејќи под дејство на алкохол и со мерка забрана за управување, удрил

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ ДРЖАВИ Засукај ги ракавите и

13/04/2026

ВМРО-ДПМНЕ го повика лидерот на СДСМ Венко Филипче да се огради од криминалите на Зоран Заев, да ги засука ракавите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy