Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ѓорѓи Петрушев во „Бизнис-клуб“: „По трансформацијата Комората се претвори во место каде што секоја компанија може да го најде својот интерес“
Економија

Ѓорѓи Петрушев во „Бизнис-клуб“: „По трансформацијата Комората се претвори во место каде што секоја компанија може да го најде својот интерес“

17/02/2025

AA

„Да се префрлите од задолжително на доброволно членство, а притоа да останат сите тие 15.000 членки, несомнено е доказ дека сите тие луѓе, сите тие бизнисмени веруваат дека Комората, со една нова поставеност и со еден нов фокус, може да биде вистински гласноговорник на бизнисот и застапник на интересите на приватниот сектор“, изјави Ѓорѓи Петрушев, генерален директор на „Млекара“ АД Битола и еден од првите луѓе кои заедно со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески ја започнаа реформата на Комората во 2005 година, во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески.

Во разговорот со Бранко Азески, Петрушев зборува за трансформацијата на Комората во времето кога настанала најголемата криза во коморското организирање и за донесувањето на новиот Закон за стопанските комори, во кој бил предвиден нов начин на коморско организирање, кој ја поттикнал трансформацијата на членување на фирмите од задолжителен на доброволен принцип. Според него, трансформацијата настанала во време кога веќе била заокружена приватизацијата и кога биле етаблирани компаниите што успеале во тој процес, но и кога се појавиле мали и средни претпријатија. Со тоа, истакна тој, Комората престанала да биде место само за големите директори.

Тој истакна дека од периодот на трансформација во 2005 година до денес Комората бележи позитивни резултати и постојан раст и развој.

„Комората се претвори во место каде што секоја компанија може да дојде и да го најде својот интерес, нејзиниот глас да биде чуен и низ соодветните тела, органи и механизми на Комората да се овозможи тој глас да стигне таму каде што треба. Комората веќе одамна не е комора на големите, комора на избраните или на ограничен број луѓе, туку комора во која секој субјект, секоја невладина организација, па и секој проект за енергетска ефикасност, продуктивност и за едукација може да го најде своето место“, потенцираше Петрушев.

Во продолжение на поткастот, запрашан од претседателот на Комората Бранко Азески дали се созреани условите за враќање на младите назад во државава, Петрушев истакна дека сè уште не се созреани условите за тоа и образложи дека е потребно да се поработи на создавање услови за да нема реверзибилен процес. Според него, потребно да се овозможи добар образовен систем во кој ќе се образуваат нивните деца, добар социјален систем за да бидат сигурни дека нивните деца од предучилишната возраст се соодветно згрижени и амбиент во кој повеќе нема да се зборува за борба против корупцијата, туку во кој тоа ќе биде оставено во минатото.

Линк до видеото.

https://youtu.be/4WtoZ-L4dUM?si=wIjdwacOJOsABiaS

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче рече дека Киро Глигоров не е доволно вреднуван во

03/09/2026
Македонија

Македонија за првпат испрати полициски хеликоптер да гасне пожар во

03/09/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Покрај новите камиони, пристигнуваат и повеќе од 3.300 нови

03/09/2026
Македонија

Чад над Скопје: Има пожар кај село Грачани, гори шума

03/09/2026
Македонија

Синиша Стојаноски нов директор на ГОБ „8 Септември“

03/09/2026
Македонија

Седми смртен случај од Западнонилска треска во Македонија

03/09/2026
Македонија

Силно невреме со дожд, грмежи и град погоди делови од

03/09/2026
Македонија

Становите на Груевски поевтини за 200.000 евра, државата повторно ги

03/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45439
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче рече дека Киро Глигоров не е доволно вреднуван во овие 35 години независност од

03/09/2026

Киро Глигоров не е доволно вреднуван за неговата историска улога во создавањето и зачувувањето на независна Македонија, оцени лидерот на

Македонија за првпат испрати полициски хеликоптер да гасне пожар во Косово

03/09/2026

По барање на Република Косово, Република Северна Македонија за првпат ангажира државни ресурси надвор од својата територија, во рамки на

Ѓорѓиевски: Покрај новите камиони, пристигнуваат и повеќе од 3.300 нови контејнери

03/09/2026

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа најави дека, покрај новите камиони за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy