
Ѓорѓи Бојаџиев нов директор на Психијатриската болница во Демир Хисар
Централниот регистар донесе решение за промена на овластено лице во Јавната здравствена установа Психијатриска болница Демир Хисар. Со ова решение, на местото вршител на должност директор е назначен Ѓорѓи Бојаџиев.
Именувањето следи по разрешувањето на досегашниот ВД директор Жан Лозановски, кој ја извршуваше функцијата до избор на нов директор по распишан конкурс, но не подолго од шест месеци.
Решението за оваа промена е донесено на 7 август 2025 година, врз основа на постапка за разрешување и именување на ВД директор согласно член 30, 39 и 41 од Законот за едношалтерски систем и други релевантни правни акти.