Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Недостигнувања и нерегуларности: Како Аква паркот „Борис Трајковски“ стана финансиски товар
Македонија

Недостигнувања и нерегуларности: Како Аква паркот „Борис Трајковски“ стана финансиски товар

07/08/2025

AA

Во новиот ревизорски извештај на Друштвото „Борис Трајковски“ акцентот е ставен на финансиското работење и состојбата со Аква паркот – објект чија профитабилност и евиденција предизвикаа сериозни критики од ревизорите.

Според финансискиот план за 2023 година, друштвото очекувало приходи од Аква паркот во висина од 7.250 илјади денари. Меѓутоа, остварените приходи изнесувале само 4.290 илјади, што е за 41 % помалку од планираното и укажува на сериозна разлика помеѓу проекциите и реалноста . Ревизорите нотираа дека Аква паркот е сезонска организациона единица и работи само во летниот период, што дополнително ја нагласува чувствителноста на оперативните перформанси врз временските услови и бројот посетители.

Иако во 2023 година работата на објектот донела одредени приходи, ревизорот утврдил низа недостигнувања во процесите на набавка и контрола на трошоците. За системот за третман на вода (филтрирање и третман на пливачкиот базен и рекреативниот Аква парк) биле преземени обврски по рамковна спогодба со вредност од 7.080 илјади денари, која со анекс била зголемена за уште 1.770 илјади, на вкупно 8.850 илјади денари. Ревизорите оцениле дека ова претставува 25 % зголемување на договорот, над дозволените 20 % според Законот за јавни набавки .

Дополнително, ревизорите обелоденија неправилности во евиденцијата за системот на депозити за алки – 1.254 илјади денари промет биле реализирани преку депозитниот систем, но сторно-трансакциите во износ од 1.221 илјади денари не биле адекватно документирани. Липселе фискални и касовни сметки за сторно-трансакции, спротивно на Законот за регистрирање на готовински плаќања, а не е воспоставена ни интерна дневна евиденција за примени, вратени и задржани депозити .

Најкритичен беше заклучокот дека во 2024 година Аква паркот е затворен и друштвото не реализирало приходи по овој основ. Како причини ревизорите ги наведуваат економската неисплатливост и истечениот гарантниот рок од 10 години за вградената опрема и инсталации, по што објектот не може да ја задржи сигурноста и функционалноста. Поради тоа, ревизорите препорачуваат законскиот застапник веднаш да го информира единствениот содружник – Владата, за нефункционалноста и ризиците за безбедноста на посетителите, со цел да се пронајде соодветно решение за повторно пуштање во употреба или реконструкција на објектот .

Овие сознанија ќе бидат од клучно значење за граѓаните и институциите кои ја следат финансиската транспарентност и одржливост на јавните објекти, особено во услови кога јавните средства треба да се трошат внимателно, а контролата да биде во согласност со законските рамки.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy