Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Општина Карпош до премиерот: Мицкоски да го едуцира својот кандидат за градоначалник за начините на водење кампања
Македонија

Општина Карпош до премиерот: Мицкоски да го едуцира својот кандидат за градоначалник за начините на водење кампања

21/08/2025

AA

„Општина Карпош го замолува претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, да го посоветува неговиот личен кандидат за градоначалник на општина Карпош, Сотир Лукровски, кој има упатено писмо до секоја фирма поединечно, за средби на кои ќе се разговара за бизнис климата кај бизнис заедницата“, велат од Општина Карпош.

„Убаво би било господинот Мицкоски да му објасни на својот кандидат, неколку работи.

Дека детските градинки и основните училишта во општината се правни лица а НЕ се фирми. Тие се јавни установи за воспитување, згрижување и образование на децата. Оттука, би било убаво заеднички да ни објаснат, како децата од градинките и основните училишта ќе влијаат на „подобрување на бизнис климата, преку работни средби и преку формирање на заеднички платформи“?

Господинот Мицкоски треба да му објасни на личниот кандидат дека ги повикува на средба истите оние градинки и основни училишта, на кои неговата партија ВМРО ДПМНЕ гласаше во Советот на Карпош против Одлуките, да вработените од воспитно образовните установи не земаат плати, против осовременување на наставата преку набавка на смарт – панели, против заштеда на енергија и поставување на фотоволтаични панели, против реновирање на училиштата и градинките;

Би било чесно од претседателот на Владата да го подискара својот кандидат за градоначалник, дека на ваков начин со директно упатување на покана на адреса на фирмите и установите за наводни средби, врши притисок врз директорите на јавните установи, училиштата и фирмите. И оти ВМРО ДПМНЕ не треба да се служи со таков вид на притисоци;

Земањето на податоци од правни лица и праќање на мејлови за бизнис средби како претставник на политички субјект е флагрантно кршење на законите и форма на досега невиден притисок врз обични стопанственици. Во случајов, Лукровски не знае ама премиерот знае, дека кандидат за градоначалник се станува тогаш кога Државната изборна комисија ќе ја признае кандидатурата и дека кампања се води во точно утврден временски рок. Затоа, го повикуваме премиерот Мицкоски да го едуцира својот избраник за начините на водење на кампања, притоа да избегнува притисоци и доколку тој тоа не го стори, истиот ќе мора да биде корегиран од Основното јавно обвинителство, затоа што прави груби повреди не само на на Изборниот законик, туку и на низа други закони“, се наведува во соопштението од Општина Карпош.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy