Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Општина Центар ќе го затвори Дебар Маало за сообраќај за викендите – нов режим со рампи и казни!
Македонија

Општина Центар ќе го затвори Дебар Маало за сообраќај за викендите – нов режим со рампи и казни!

14/06/2025

AA

Од петок во 18:00 часот до понеделник во 06:00 часот наутро, скопското Дебар Маало ќе биде затворено за сообраќај, како дел од новото сообраќајно решение на Општина Центар кое има за цел да стави крај на хаосот со паркирањето и метежот за време на викендите, пишува СДК.МК

Според информациите, во првата фаза ќе се постават рампи на четири влезни точки: улиците Орце Николов, Ленинова, 29 Ноември и булеварот Климент Охридски. Жителите ќе влегуваат со посебни картички, а сите други ќе можат да престојуваат најмногу 15 минути. Надминување на времето ќе се казнува со 3.000 до 6.000 денари.

„Во моментов за викендите во Дебар Маало владее хаос. Нема место за паркинг и џабе со колите се вртат кругови низ улиците. Сообраќајот е целосно закрчен, а пешаците немаат каде да се движат“, велат од Општина Центар, објаснувајќи ја потребата од новиот режим.

Дополнително, ќе биде воспоставен и ограничен режим за камионите за дотур на стока, кои ќе можат да влегуваат само од 07:00 до 09:00 часот наутро. Прекршувањата ќе бидат санкционирани.

Општината уверува дека нема законски пречки за воведување на ваквиот систем, бидејќи не се ограничува слободата на движење, туку се регулира престојот и паркирањето на возилата.

Во моментов се чека одобрување од Министерството за внатрешни работи и од Град Скопје, по што ќе се пристапи кон имплементација на решението.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ангелов со апел до сопствениците на викендички: Исчистете ја околината

20/08/2026
Македонија

„Сејф Сити“ стартуваше и за странци – чекањето за наплата

20/08/2026
Македонија

Синдикалната кошница во август достигна 68.675 денари, за еден месец

20/08/2026
Македонија

Лажен лекар измамил жена од Пробиштип за 2.500 евра

20/08/2026
Македонија

Ислам Абази нема да бара нов мандат на чело на

20/08/2026
Македонија

Млечни производи повлечени во Косово, дел од нив се продавале

20/08/2026
Македонија

АХВ побара вакцини против сипаници кај овците од ЕК и

20/08/2026
Македонија

Леб по 126 денари, душеци од 1,1 милион и неевидентирана

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45140
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ангелов со апел до сопствениците на викендички: Исчистете ја околината и направете противпожарни пресеки

20/08/2026

Заштитата на куќите и викендичките од шумски и полски пожари мора да започне пред огнот да стигне до нив, порача

„Сејф Сити“ стартуваше и за странци – чекањето за наплата на казната ги револтираше туристите

20/08/2026

Километарски колони се создадоа денеска на граничниот премин „Богородица“ кон Грција, откако започна примената на системот „Безбеден град“ и за

Синдикалната кошница во август достигна 68.675 денари, за еден месец поскапе за 177 денари

20/08/2026

Трошоците за основните животни потреби повторно бележат раст, покажуваат најновите податоци на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Синдикалната минимална

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy