Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДА ЈА ВРАТИМЕ ДРЖАВАТА ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ Филипче од маршот за 11 Октомври порача дека мора да се врати правдата
Македонија

ДА ЈА ВРАТИМЕ ДРЖАВАТА ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ Филипче од маршот за 11 Октомври порача дека мора да се врати правдата

10/10/2026

AA

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на маршот во Прилеп по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, под слоганот „Непокор. Борба. Иднина – 85 години антифашизам”, порача дека антифашистичкото наследство нè обврзува да ја вратиме државата во служба на народот.

Филипче истакна дека СДСМ е наследник на државотворните политики на партизаните и на вредностите на антифашистичката борба, и затоа и денес има историска одговорност да се спротивстави на криминалната власт на ВМРО и да се бори за слобода, правда и вистина.

– Ние Социјалдемократскиот сојуз сме наследниците на државотворните политики на нашите предци партизаните, на вредносните политики на антифашистичката борба. И затоа денес кога сме соочени со криминална власт која што нè пљачка, нè изолира, повторно имаме историска улога да се бориме за слобода, за правда и за вистина. Повторно да се покаже пркос, да ѝ се спротивставиме на неправдата, да ѝ се спротивставиме на криминалната банда на власт и да ја вратиме државата во служба на народот – рече Филипче.

Тој порача дека борбата за Македонија денес е борба за слобода, еднаквост, солидарност и правда, но и конкретна борба против корупцијата и криминалот на власта, која наместо да им служи на граѓаните, ги злоупотребува институциите и јавните ресурси.

– Борбата за Македонија денес е борба за слобода, меѓусебно почитување и правда. Борбата за Македонија денеска е против корупцијата и криминалот на арамиите на власт – рече Филипче.

Филипче нагласи дека последиците од лошите политики на Владата на ВМРО ги чувствуваат граѓаните, работниците, земјоделците, наставниците, лекарите и пензионерите. Наместо држава што ќе обезбедува сигурност и достоинствен живот, граѓаните добиваат власт која ги занемарува нивните потреби и проблеми, и ги остава без соодветна поддршка.

– Борбата за Македонија денеска е борба за работниците, за подобар стандард, за подобар живот, за наставниците, за лекарите, за земјоделците, за младите, за пензионерите. Борбата за Македонија денес е борба за земјоделците и овде во Прилепско. Добро се знае колку пот, грижа, неизвесност има во земјоделскиот труд. Тутунарите и сите што ја обработуваат земјата заслужуваат држава што стои покрај нив, а не како што се денес понижени, обесправени и маргинализирани – рече Филипче.

Во обраќањето претседателот на СДСМ нагласи дека власта се однесува кон Македонија како простор за остварување туѓи профити и провизии. Тој порача дека борбата за државата подразбира спротивставување на распродажбата на нејзините природни богатства и ресурси.

– Борбата за Македонија, денес е борба против нејзина распродажба. За рудници, вода, земја и дата центри. Арамиите на власт сè ќе стават на распродажба за туѓи профити и за провизии. Борбата за Македонија е борба против воскреснувањето на фашизмот и фашистичките методи на владење – рече Филипче.

Филипче истакна дека вистинската сила на една држава се гледа во грижата за граѓаните, во достапното здравство, квалитетното образование и сигурноста на работниците и пензионерите, а власта ја поткопува токму таа грижа и ги става личните интереси пред јавниот интерес.

– Државата ја покажува својата сила преку грижата за граѓаните. Преку достапното здравство, доброто образование, сигурноста на работникот и достоинството на пензионерот. Оваа криминална власт ја поткопува таа грижа. Арамијата не се грижи за народот, се грижи за себе и за своите бизниси. Ги троши ресурсите, ја разорува довербата и ги остава чесните луѓе да ја плаќаат цената – рече Филипче.

Тој нагласи дека обврската на денешните генерации е да го продолжат патот на претходните генерации, да ја чуваат и развиваат државата и да создадат услови младите да останат во Македонија. Предупреди дека празните училишни клупи и намалениот број првачиња се аларм за иднината на земјата.

– Да ја чува државата, да ја развива, економски да ја зајакнува и да ја носи напред кон Европа силна и обединета. Пред 85 години нашите предци се бореа да имаме своја држава. Нашата генерација мора да се избори децата да останат да живеат тука дома. И тоа е нашата историска задача – рече Филипче.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

ДА ЈА ВРАТИМЕ ДРЖАВАТА ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ Филипче од

10/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА СВЕТИ ВО ЗЕЛЕНО ЗА НОВ ЖИВОТ Објекти низ државата

10/10/2026
Македонија

„DIE TAGESPOST“ ЈА ЦИТИРА МАКЕДОНСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА Пред да се прошири

10/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СЕ РАДУВА ШТО ПОЧНАЛ ДИЈАЛОГОТ СО БУГАРИЈА Прмиерот очекува

10/10/2026
Македонија

ПИТА ДОЛГА 4,4 МЕТРИ ЈА ОТВОРИ „ПИТИЈАДА“ ВО ВЕЛЕС Џиновскиот

10/10/2026
Македонија

УАПСЕНИ ДИРЕКТОР И ВРАБОТЕНА ВО „НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“ Одземени камиони и

10/10/2026
Македонија

📽️ ПИТОНИ И ДРУГИ ЗМИИ ЗАВРШИЈА ВО РАЦЕТЕ НА ЦАРИНИЦИТЕ

10/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ВО УЛОГА НА БУГАРСКИ АМБАСАДОР Манасиевски тврди дека СДСМ

10/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46097
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНИЈА СВЕТИ ВО ЗЕЛЕНО ЗА НОВ ЖИВОТ Објекти низ државата во знак на солидарност со

10/10/2026

Повеќе објекти низ Македонија се осветлуваат во зелена боја во знак на солидарност со донорите и примателите на органи, ткива

„DIE TAGESPOST“ ЈА ЦИТИРА МАКЕДОНСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА Пред да се прошири преку Атлантикот, ЕУ мора да

10/10/2026

Влијателниот германски медиум „Die Tagespost“ ги користи тезите на македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова за позицијата на ЕУ и чекорите што

МИЦКОСКИ СЕ РАДУВА ШТО ПОЧНАЛ ДИЈАЛОГОТ СО БУГАРИЈА Прмиерот очекува приближување на ставовите и решение

10/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски очекува дијалогот со Бугарија да продолжи и во наредниот период да има приближување на ставовите, со цел

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy